Матеј 20
20
Парабола за работниците во лозјето
1 #
21,33
„Зашто царството небесно прилега на домаќин, кој излезе рано наутро да најми работници за своето лозје. 2Па, штом се спогоди со работниците по динариј на ден, ги прати во своето лозје. 3Потоа, кога излезе околу третиот#20,3 Тоа е околу 9 часот наутро. час и виде други како стојат на пазариштето без работа, 4#21,28; Кол 4,1им рече: ’Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам.‘ И тие отидоа. 5Повторно излезе околу шестиот и деветтиот#20,5 Околу 12 и 15 часот. час и направи исто. 6А околу единаесеттиот#20,6 Околу 17 часот. час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ’Зошто стоите тука цел ден без работа?‘ 7Тие му рекоа: ’Бидејќи никој не нѐ најми.‘ А тој им рече: ’Отидете и вие во лозјето и што е право ќе добиете.‘ 8#3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А приквечер, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ’Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘ 9И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј. 10А кога дојдоа првите, помислија дека ќе добијат повеќе; но и тие добија по динариј; 11и штом добија, негодуваа против господарот, 12и велеа: ’Овие последниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘ 13А тој му одговори на еден од нив: ’Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј? 14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе. 15#6,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21Зар немам право да правам со своето што сакам? Или окото ти е завидливо, зашто сум добар?‘ 16#19,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така последните ќе бидат први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, но малкумина избрани.“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и воскресение
(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)
17И кога Исус се искачуваше кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесеттемина ученици и по патот им рече: 18#7,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт, 19#26,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и камшикуван, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење
(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)
20 #
27,56
Тогаш Му пристапи мајката на Зеведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се ничкум, Го молеше нешто. 21#19,28А Тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седнат до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство!“ 22#26,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11А Исус, одговарајќи, рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштевањето со кое се крштевам Јас?“ Тие Му одговорија: „Можеме.“ 23#24,36; 26,39И Тој им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи од Мојата десна или лева страна не е на Мене да дадам, туку тоа е за оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“ 24И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа. 25#Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите на народите господарат над нив и дека големците владеат над нив. 26#Мк 10,43-44Но меѓу вас нека не биде така; туку кој сака да биде големец меѓу вас, нека ви биде служител; 27#Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга; 28#8,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде за да Му служат, туку да служи и да го даде Својот живот за откуп на мнозина.“
Излекувањето на двајцата слепи од Ерихон
(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)
29И кога тие излегуваа од Ерихон, по Него врвеше многу народ. 30#9,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“ 31А народот ги укоруваше да молчат; но тие уште посилно викаа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“ 32А Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“ 33#11,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите, Господи.“ 34#8,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и им ги допре очите, и тие веднаш прогледаа и тргнаа по Него.
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Матеј 20: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023