Матеј 19

19
За разводот
(Мк 10,1-12; Лк 16,18)
1 # 7,28 Кога Исус ги заврши тие збо­рови, замина од Галилеја и дојде во Јудејските краишта, отаде Јордан. 2#12,15По Него одеше многу народ и Тој ги излечи таму. 3#16,1; Лк 11,54; Јн 8,6И Му пристапија фарисеите за да Го искушуваат, па Му рекоа: „Дали му е допуштено на човек да ја остави својата жена за каква и да било причина?“ 4#1 Мојс 1,27; 5,2 А Тој, одговарајќи, им рече: „Зар не сте читале дека Оној што ги создаде, во по­четокот машко и женско ги создаде, 5#1 Мојс 2,24; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31и рече: ’Затоа, ќе ги остави човек својот татко и својата мајка и ќе се прилепи до својата жена и обајцата ќе бидат едно тело.‘ 6#1 Кор 7,10Па така, тие веќе не се двајца, туку се едно тело. А тоа што го соединил Бог, човек да не го разделува.“ 7#5,31; 5 Мојс 24,1Тие Му рекоа: „Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ се даде разводно писмо и да се отпушти?“ 8Тој им рече: „Поради тврдокорноста на вашите срца Мојсеј ви дозволи да ги оставите своите жени; но во почетокот не беше така. 9#5,32; Лк 16,18; 1 Кор 7,10-11 А Јас ви велам: оној што ќе ја остави својата жена, освен поради прељуба, и се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној, што ќе се ожени со оставена, исто така, прави прељуба.“
Брак и безбрачност
10 # 1 Кор 7,1 Неговите ученици Му рекоа: „Ако е таква положбата на човекот кон жената, подобро да не се жени!“ 11#1 Кор 7,17 А Тој им рече: „Не може секој да го прифати кажаново, туку само оние на кои им е дадено; 12#1 Кор 7,1.7-8.32-34зашто има скопени кои се така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе, но има и скопени, кои самите си се скопиле заради царството небесно. Кој може да прифати, нека прифати.“
Исус ги благословува децата
(Мк 10,13-16; Лк 18,15-17)
13 # Лк 9,47; 1 Тим 4,14 Тогаш Му доведоа деца, за да ги положи рацете на нив и да се помоли, а учениците им забрануваа. 14#18,3-4Но Исус рече: „Оставете ги децата и не бранете им да доаѓаат кај Мене, зашто на такви е царството небесно.“ 15#Мк 10,16И, откако ги положи рацете на нив, си отиде оттаму.
За богатиот млад човек
(Мк 10,17-31; Лк 13,30; 18,18-30)
16 # Лк 10,25 И ете, еден Му пристапи и Му рече: „Добар Учителе, каква добрина да направам за да имам живот вечен?“ 17#3 Мојс 18,5; Ез 18,21; Лк 10,28; Јк 2,10А Тој му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен Единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, запазувај ги запо­ведите.“ 18#15,4; 2 Мојс 20,12-16; 3 Мојс 19,18; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одго­вори: „Не убивај, не прави прељуба, не кради, не сведочи лажно; 19почитувај ги својот татко и својата мајка; љуби го својот ближен како себеси!“ 20Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил уште од својата младост; што уште ми недостасува?“ 21#5,3.48; 6,20; Кол 3,1-2Исус му рече: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го својот имот и раздај го на сиромаси, и ќе имаш богатство на небото; па дојди и врви по Мене!“ 22#Лк 12,15-21Штом го чу младиот човек кажаново, си отиде натажен, бидејќи имаше многу имот. 23#Мк 10,23-27; Лк 18,24-27А Исус им рече на Своите ученици: „Вистина ви велам, богат тешко ќе влезе во царството небесно; 24#1 Кор 1,26и уште ви велам: полесно ѝ е на ка­мила да мине низ иглени уши, от­колку богат да влезе во царството Божјо.“ 25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“ 26#1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Зах 8,6; Јов 42,2; Лк 1,37А Исус ги погледна и им рече: „За луѓето тоа е невозможно, но за Бога сѐ е можно.“ 27#4,20.22Тогаш Петар Му одговори и рече: „Ете, ние оставивме сѐ и појдовме по Тебе: што ќе стане, со нас?“ 28#8,20; Дан 7,22; Лк 22,30; 1 Кор 6,2; Откр 3,21; 21,1.12А Исус им рече: „Вистина ви велам дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на Својата слава, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви племиња; 29#Лк 14,26и секој што ќе остави куќи, или браќа, или сестри, или татко, или мајка, или жена, или деца или ниви, заради Моето име, ќе добие стопати повеќе и ќе наследи вечен живот. 30#20,16; Лк 13,30Но мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.“

હાલમાં પસંદ કરેલ:

Матеј 19: MAK2023

Highlight

શેર કરો

નકલ કરો

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in