Псалми 6
6
ПСАЛМ 6
Покајничка молитва. Надеж во помошта од Господа
1За крајот: меѓу песните, псалм на Давид, за осмата.
2 #
37,1; Ер 10,24 Господи, во јароста Своја не карај ме
и во гневот Свој не казнувај ме.
3 #
40,4; Ер 17,14; 22,9; Јов 4,14 Смилувај се на мене, Господи,
зашто сум немоќен;
исцели ме, Господи,
зашто коските мои се потресоа;
4 #
89,13
и душата моја силно трепери.
А Ти, Господи, до кога вака?
5 #
30,16; 108,26; Тов 13,5 Обѕрни се, Господи,
избави ја душата моја;
спаси ме поради милоста Твоја,
6 #
29,9; 87,5.10-12; 113,25; Ис 38,18; Варух 2,17 зашто во смртта нема кој да Те спомне;
а во адот кој ќе Те слави?
7 #
37,8; 68,3; Ер 45,3 Изнемоштев во воздишките свои,
секоја вечер ќе го наквасувам леглото свое,
со солзи ќе ја натопувам постелата своја.
8 #
30,9
Од јарост затрепери окото мое,
остарев меѓу сите непријатели мои.
9 #
118,115; Мт 7,23; Лк 13,27 Отстапете од мене сите што вршите беззаконие,
зашто Господ го слушна гласот на мојот плач.
10 #
34,4; 39,14; 82,17; Ис 41,11 Господ ја слушна молбата моја;
Господ ја прими молитвата моја.
11Нека се посрамат и нека се ужаснат сите непријатели мои;
веднаш нека се одвратат и целосно да се посрамат.
اکنون انتخاب شده:
Псалми 6: MAK2024PS
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
Македонско библиско здружение 2024