Псалми 5

5
ПСАЛМ 5
Давидовата утрена молитва за помош против безбожните непријатели
1За крајот: псалм на Давид,
за онаа што го доби наследството.
2 # 16,1; 53,3; 83,8; 85,6; 139,1 Зборовите мои слушни ги, Господи,
мојот повик разбери го;
3 # 83,3 Чуј го гласот на моето молење, Цару мој и Боже мој.
Зашто Тебе ќе Ти се молам, Господи!
4Наутро ќе го чуеш гласот мој;
наутро ќе застанам пред Тебе
и Ти ќе ме видиш,
5зашто Ти не си Бог Кој сака беззаконие,
злиот нема да отседне при Тебе,
6ниту законопрестапниците ќе опстојат пред очите Твои;
Ти ги замрази сите што вршат беззаконие.
7 # 54,23 Ќе ги погубиш сите што говорат лага;
од човек крвник и лукав Господ се гнаси.
8 # 41,2; 65,13; 137,2; 3 Цар 8,44-48; Дан 6,10 А јас, по Твојата голема милост,
во Твојот дом ќе влезам
и ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе.
9 # 22,3; 26,11; Ис 26,7; 44,12; Изреки 3,6 Господи, води ме кон правдата Твоја,
поради непријателите мои,
патот Твој израмни го пред мене.
10 # 13,3; 35,3; Ис 59,3; Рим 3,13 Зашто во устата нивна нема вистина,
срцето им е бесплодно;
отворен гроб им е грлото;
со јазиците свои прелажуваат.
11Осуди ги, Боже,
да паднат во своите сплетки;
поради големото нечестие нивно – отфрли ги,
зашто Те огорчија Тебе, Господи!
12 # 63,10; 68,36; 118,132 Па нека се развеселат сите што на Тебе се надеваат,
нека се радуваат довека,
зашто ќе се вселиш кај нив,
и со Тебе ќе се фалат сите што го љубат името Твое.
13Зашто Ти ќе го благословиш праведниот;
како со штит, со благоволение си нѐ овенчал, Господи.

انتخاب شده:

Псалми 5: MAK2024PS

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید