Псалми 3

3
ПСАЛМ 3
Молитва на прогонетиот за време на голема неволја
1 # 2 Цар 15–17 Псалм на Давид, кога бегаше од лицето на својот син Авесалом.
2 # 24,19; 55,2; 118,157 Господи, колку се намножија непријателите мои!
Многумина против мене се креваат;
3многумина велат за душата моја:
„Нема спасение за него во неговиот Бог“.
4 # 17,2; 26,6; 27,7; 61,7; 109,7; 1 Мојс 40,13; 5 Мојс 33,29; Сир 11,13 Но Ти си, Господи, застапник мој, слава моја
и ја подигаш главата моја.
5 # 4,8; Изреки 3,24 Со гласот мој повикав кон Господа
и Тој ме слушна од Својата света гора.
6Легнав, заспав и се разбудив,
зашто Господ ќе ме закрилува.
7 # 22,4; 26,1.3 Нема да се исплашам од десетици илјади луѓе,
што од сите страни навалуваат на мене.
8 # 7,6; 9,19; 57,6; Јов 29,17 Воскресни, Господи;
спаси ме, Боже мој,
зашто Ти ги порази сите што напразно непријателствуваат со мене,
им ги скрши забите на грешниците.
9Од Господа е спасението.
Твојот благослов е врз народот Твој.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 3: MAK2024PS

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید