Псалми 2

2
ПСАЛМ 2
За царството на Помазаникот и за победата над Неговите непријатели
1 # 82,2-12; Дела 4,25-27 Зошто се побунија народите
и напразно мечтаеја луѓето?
2 # 17,50; 19,6; 27,8; 83,9; 2 Мојс 30,25; 1 Цар 10,1; 15,1.13; Откр 19,19 Се кренаа царевите земни
и кнезовите се собраа со нив против Господа и против Неговиот Помазаник, велејќи:
3 # 149,8 „Да ги раскинеме оковите нивни,
да го отфрлиме од себе нивниот јарем“.
4 # 36,13; 58,8; 122,1; Ис 40,15-17; 40,21-23; Изреки 1,26; Мудр 4,18 Оној што живее на небесата им се смее,
Господ ќе ги има за подбишега.
5Тогаш во гневот Свој ќе им рече
и со јароста Своја ќе ги потресе:
6 # 109,2 „А Јас од Него сум поставен за Цар на Сион,
Неговата света гора,
7 # 88,26; 2 Цар 7,14; Мт 3,17; 16,5; Лк 3,22; Дела 13,33; Евр 1,5; 5,4; 2 Птр 1,17 за да ја објавам одлуката Господова“;
Господ Ми рече:
„Ти си Мој Син, Јас денес Те родив.
8 # Ис 49,6 Побарај од Мене и Јас ќе ти ги дадам народите за наследство Твое
и во Твоја власт – краиштата на земјата“.
9 # 67,21; 109,5-6; Ис 30,14; Дан 7,14; Откр 2,26-27; 11,4; 18,14 Ти ќе ги напасуваш со железен жезол,
како земјени садови ќе ги распрснеш.
10 # Мудр 6,2 Па сега, цареви разберете,
поучете се сите вие што ѝ судите на земјата!
11 # 71,11; Дан 7,14; Тов 13,6; Евр 12,28 Служете Му на Господа со страв
и радувајте Му се со трепет.
12 # 33,8; 117,8-9 Примете ја поуката, за да не се разгневи Господ
та да погинете надвор од праведниот пат,
кога јароста Негова скоро ќе пламне.
Блажени се сите што се надеваат на Него!

اکنون انتخاب شده:

Псалми 2: MAK2024PS

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید