Матеј 14

14
Смртта на Јован Крстител
(Мк 6,14-29; Лк 3,19-20; 9,7-9)
1 # 16,14; Лк 3,1.19; 23,6-12.15 Во тоа време гласот за Исус го слушна и четворовласникот#14,1 Во оригиналниот текст стои тетрарх, т.е. владетел над четирите области. Ирод, 2кој им рече на своите слуги: „Тоа е Јован Крстител; тој воскреснал од мртвите, па затоа и чуда се случуваат преку него!“ 3#3 Мојс 18,16; 20,21#Лк 3,19-20Зашто Ирод, откако го фати Јован, го врза и го фрли во затвор поради Иро­ди­јада, жената на брат му Филип; 4бидејќи Јован му велеше: „Не ти е допуштено да ја имаш неа!“ 5#21,26; Лк 1,76И сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто го сметаа за пророк. 6А кога му беше роденден на Ирод, ќерката на Иродијада играше пред гостите и му угоди на Ирод; 7затоа тој ѝ се заколна дека ќе ѝ даде што и да побара. 8А таа, поучена од мајка ѝ, рече: „Дај ми ја овде на чинија главата на Јован Крстител!“ 9Царот се натажи, но заради за­к­лет­вата и гостите, нареди да ѝ ја дадат. 10Па прати да го обезглават Јован во затворот. 11И ја донесоа неговата глава на чинија и ѝ ја дадоа на девојката, а таа ја однесе на својата мајка. 12#Дела 8,2А неговите ученици дојдоа, го зедоа неговото тело и го погребаа; па отидоа и Го известија Исус.
Исус нахранува над пет илјади луѓе
(Мк 6,30-44; Лк 9,10-17; Јн 6,1-14)
13Штом го чу тоа, Исус замина оттаму со кораб во пусто место, насамо; а на­родот, штом слушна за тоа, тргна по Него пеш од градовите. 14#9,36; 15,32 И кога Исус излезе, виде многу народ; и се смилува над нив и ги излекува нивните болни. 15А кога се стемни, Му пријдоа Неговите ученици и рекоа: „Мес­тово е пусто, а и веќе е доцна; пушти го народот да оди по селата и да си купи храна.“ 16#4 Цар 4,42-44Но Исус им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!“ 17#15,34-38А тие Му рекоа: „Немаме овде ништо освен пет леба и две риби.“ 18Тој им рече: „Донесете Ми ги тука!“ 19#26,26; Мк 6,41; Јн 11,41; 17,1И откако му заповеда на народот да седне на тревата, ги зеде петте леба и двете риби, погледна кон небото, ги благослови, ги раскрши и им ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот. 20#2 Мојс 16,4.12; Пс 77,29И јадеа сите и се наситија; и собраа дванаесет кошеви полни со останати парчиња. 21А оние што јадеа беа околу пет илјади мажи, не броејќи ги жените и децата.
Исус оди по површината на водата
(Мк 6,45-52; Јн 6,15-21)
22И Исус веднаш ги натера Своите ученици да влезат во коработ и пред Него да минат на другата страна, додека Тој да го распушти народот. 23#Мк 1,35; Јн 6,15Па, штом го распушти народот, Тој се искачи на планината за да се помоли насамо. И кога се стемни, Тој беше таму сам. 24Коработ, пак, беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто дуваше спротивен ветар. 25#Јов 9,8Но, на четвртата стража#14,25 Меѓу 3 и 6 часот наутро. од ноќта, Исус дојде кај нив, одејќи по морето. 26#Лк 24,37А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение!“ и од страв гласно извикаа. 27Но Исус веднаш им прозборе, велејќи: „Бидете храбри! Јас сум, не плашете се!“ 28А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, заповедај да дојдам кај Тебе по водата!“ 29И Исус му рече: „Дојди!“ Па штом слезе од коработ, Петар тргна по водата за да дојде кај Исус; 30но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да тоне и гласно извика: „Господи, спаси ме!“ 31#6,30; 8,26Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?“ 32#Мк 4,39И, кога влегоа во коработ, ветрот престана. 33#8,29; Дела 8,37; Рим 1,4; Евр 4,14А оние што беа во коработ Му пристапија, паднаа ничкум пред Него и рекоа: „Навистина си Син Божји!“
Исус лекува во Генисаретскиот крај
(Мк 6,53-56)
34Па откако преминаа, дојдоа во Генисаретската земја. 35Луѓето од тоа место, штом Го познаа, разгласија по целата таа околија и Му ги донесоа сите болни. 36#9,20-22; Лк 6,19И Го молеа да се допрат барем до крајот од Неговата облека; и тие што се допреа, оздравеа.

انتخاب شده:

Матеј 14: MAK2023

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید