Матеј 13

13
Параболи за царството Божјо
(Мк 4,1; Лк 8,4)
1Во тој ден, Исус излезе од куќата и седна покрај морето. 2#Лк 5,1-3И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
Парабола за сејачот
(Мк 4,2-9; Лк 8,5-8)
3 # Мк 4,2-3 И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее; 4и додека сееше, едни зрна паднаа по­крај патот, па долетаа птици и ги ис­кол­ваа. 5Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу никнаа, зашто земјата не беше дла­бока. 6#Јк 1,11Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се ису­ши­ја. 7Некои паднаа во трње; и трњата израснаа и ги задушија. 8#Јн 15,8.16Други, пак, паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет. 9Кој има уши да слуша, нека чуе.“
Целта на параболите
(Мк 4,10-12; Лк 8,9-10)
10И учениците пристапија до Него и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“ 11#1 Кор 2,10; Ефес 3,3-4А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. 12#25,29; Мк 4,25; Лк 8,18; 19,26Бидејќи, на оној што има ќе му се даде и ќе му се пре­умножи; а на оној што нема, ќе му се земе и она што го има. 13#Ер 5,21; Лк 8,10Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не можат да видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат; 14#Ис 6,9-10; Мк 4,12; Дела 28,26-27и над нив се исполнува пророш­тво­то на Исаија, кој вели:
’Со уши ќе слушате и нема да разберете,
со очи ќе гледате и нема да видите;
15 # Јн 12,40 зашто срцето на овие луѓе закоравело
и со ушите тешко слушаат;
и ги затвориле своите очи
за да не би некогаш со очите да видат
и со ушите да чујат
и со срцето да разберат,
та да се преобратат
и да ги исцелам.‘
16 # Лк 10,23 А вашите очи се блажени зашто гледаат и вашите уши – зашто слушаат; 17#Лк 10,24; Јн 8,56; Ефес 3,5; 1 Птр 1,10-12бидејќи вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да го видат она што го гледате вие, и не го видоа; и да го чујат она што го слушате вие, и не го чуја.“
Објаснување на параболата за сејачот
(Мк 4,13-20; Лк 8,11-15)
18„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот. 19Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа злиот и го граба посеаното во неговото срце; тоа е посеаното покрај патот. 20#Дела 17,11; 1 Сол 1,6А посеаното на каменито место е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима; 21но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли мака или гонење заради словото, веднаш се соблазнува. 22#6,24; Мк 4,19; 1 Тим 6,6-9Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа станува бесплодно. 23#Јн 15,8.16; Гал 5,22А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
Парабола за каколот
24 # Мк 4,26 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива. 25Но, додека луѓето спиеја, дојде не­говиот непријател и посеа какол меѓу житото, па си отиде. 26А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот. 27И дојдоа слугите на домаќинот и му рекоа: ’Господаре, нели добро семе посеа на својата нива? Од каде, пак, сега има какол?‘ 28А тој им рече: ’Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ’Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘ 29Но тој им рече: ’Не, за да не се случи, корнејќи го каколот, заедно со него да го искорнете житото; 30#3,12; Јн 15,6оставете нека растат и едното и другото, заедно до жетвата; а за време на жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да изгори; а житото приберете го во мојот амбар.‘“
Парабола за синаповото зрно
(Мк 4,30-32; Лк 13,18-19)
31 # 17,20; Лк 17,6 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на синапово зрно, што човек го зел и го посеал на својата нива. 32#Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите зеленчуци, па станува дури и дрво, така што небесните птици долетуваат и се вгнездуваат на неговите гранки.“
Парабола за квасот
(Лк 13,20-21)
33 # Лк 13,21; 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И друга парабола им кажа: „Небесното цар­ство прилега на квас, што го зела жена и го ставила во три мери браш­но, додека целото да скисне.“
Зошто Исус зборува во параболи
(Мк 4,33-34)
34Сето ова Исус му го зборуваше на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо; 35#Пс 78,2за да се исполни реченото преку пророкот, кој вели:
„Со параболи ќе ја отворам Својата уста;
ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
Значењето на параболата за каколот
36 # 15,15; Мк 4,10; 7,17 Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Про­тол­кувај ни ја параболата за каколот на нивата!“ 37#1 Кор 3,9#8,20А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. 38#1 Јн 3,10Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот. 39#3,12; Јоил 3,13; Откр 14,15-16Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите. 40#3,10; Мк 13,27; Јн 15,6Па така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и на крајот на овој свет. 41#Соф 1,3; Откр 21,8Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни и сите оние што вршат беззаконие, 42#8,12; Дан 3,6; Откр 20,15и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе биде плач и крцкање со заби. 43#11,15; Суд 5,31; Дан 12,3Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонцето во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Парабола за сокриеното богатство
44 # 19,21; Изреки 4,7 „Царството небесно прилега и на богатство сокриено во нива, што го нашол човек и сокрил, па, од радост за него, оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
Парабола за бисерот
45„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; 46па, штом најде еден скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
Парабола за мрежата
47„Царството небесно прилега уште и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби; 48и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат надвор. 49#13,40-41; 25,32Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги од­делат лошите од праведните 50#13,42и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.“
Заклучок
51 # 15,10 Исус ги праша: „Дали го раз­брав­те сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Гос­поди!“ 52#5,17А Тој им рече: „Затоа секој книж­ник, кој се научил за царството небесно, прилега на човек домаќин што од својата ризница изнесува и ново и старо.“
Исус се враќа во Назарет
(Мк 6,1-6; Лк 4,16-30)
53И, откако ги заврши овие параболи, Исус си замина оттаму. 54#2,23; Лк 4,16; Јн 7,15А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивната синагога така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ? 55#12,46; 27,56; Лк 3,23; Јн 1,45; 6,42Нели е Овој син на дрводелецот? Нели мајка Му се вика Марија, а Неговите бра­ќа­ – Јаков и Јосија, Симон и Јуда? 56И нели сите Негови сестри се ме­ѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“ 57#16,14; Јн 4,44И се соблазнуваа поради Него. А Исус им рече: „Ниеден пророк не е без чест, освен во својот роден крај и во својот дом.“ 58#8,10; 17,19 И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.

انتخاب شده:

Матеј 13: MAK2023

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید