Битие 13

13
1И тргна Аврам од Египет кон југ, со сѐ што имаше, тој, же­на­та негова, а и Лот со нив.
Аврам и Лот се разделуваат
2 # 24,35; Пс 111,1-3; Јов 1,3-10; Изреки 3,9-10 А Аврам беше многу богат со доби­ток, со сребро и со злато. 3#12,8И ги продолжи тој патувањата свои од Негев до Ветил, до местото, каде по­рано му беше поставен шаторот, меѓу Ветил и Гај; 4до местото, каде најнапред беше подигнал жртвеник; и таму го призва Аврам името Господово. 5А и Лот, кој одеше со Аврам, имаше ситен и крупен добиток и шатори. 6#36,7И земјата беше тесна, за да живеат заедно, бидејќи имотот нивни беше тол­ку голем, што не можеа да живеат заед­но. 7#26,20И стана караница меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток. А во таа земја жи­вееја тогаш Хананци и Перизијци. 8Затоа Аврам му рече на Лот: „Не треба да се караме јас и ти, ни моите пастири со твоите пастири, зашто сме роднини. 9Не е ли пред тебе целата земја? Од­дели се од мене. Ако тргнеш ти на лево, јас ќе тргнам на десно; ако ти појдеш на десно, јас, пак, на лево.“ 10#2,9; 19,24-25Тогаш Лот ги крена очите свои и ја виде целата околина јорданска, која, пред Бог да ги уништи Содом и Гомора, целата, сѐ до Сигор се напојуваше со вода, како рајот Божји и како земјата египетска. 11И Лот ја избра за себе целата око­лина јорданска; па појде Лот кон исток; и се разделија еден од друг. 12#1 Мојс 19,17Аврам се насели во земјата ханан­ска, а Лот се настани во околните гра­дови, поставувајќи ги шаторите свои ду­ри до Содом. 13Луѓето, пак, во Содом беа лоши, и многу грешни пред Господ. 14И му рече Бог на Аврам, откако Лот се оддели од него: „Крени ги очите свои, па погледни од местото, каде што си сега, на север и на југ, на исток и на запад, 15#12,7зашто целата земја што ја гледаш, ќе ти ја дадам тебе и на потомството твое довека; 16ќе го умножам потомството твое да биде колку што е песокот на земјата; ако некој може да го изброи песокот на земјата, ќе може да го изброи и потомството твое. 17Стани и изоди ја оваа земја во дол­жина и во широчина, зашто ќе ти ја дадам тебе (и на твоето потомство засе­когаш).“ 18#23,2; 4 Мојс 13,23; 2 Цар 2,1И Аврам ги крена шаторите свои, и отиде да се насели кај дабовите во Мамре, што беше кај Хеврон, и таму Му подигна жртвеник на Господ.

انتخاب شده:

Битие 13: MK2006D

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید