Битие 14
14
Аврам, царевите и Мелхиседек
1Кога Амрафел беше шинарски цар, еласарски цар Арјох, еламски цар Кедорлаомер и гоимски цар Тидал, 2сите тие цареви започнаа војна против содомскиот цар Бера, против царот на Гомора Бирша, против царот на Адма Шинав, цевоимскот цар Шемевер и со царот на Бела, односно Сигор. 3Сите тие се собраа во долината Сидим, која сега е Солено Море. 4Дванаесет години му служеа на Кедорлаомер, а во тринаесеттата се побунија. 5#2 Мојс 17,8; 5 Мојс 2,10Во четиринаесеттата дојде Кедорлаомер и царевите, кои беа со него, па ги поразија Рефаимците во Аштерот-Карнајим, Зузимците во Хам, Емимците во Шаве-Кирјатаим, 6Хоријците во гората нивна Сеир, дури до рамнината Фаран, што е крај пустината. 7А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мишпат, односно Кадис, и ја опустошија целата област амаликиска, како и Аморејците, кои живееја во Хацацон-Тамар. 8Тогаш излегоа царот содомски и царот на Гомора, царот на Адма, царот цевоимски и царот од Бела, односно Сигор, и појдоа во борба против оние во долината Сидим: 9против Кедорлаомер, царот еламски, и Тидал, царот гоимски, и Амрафел, царот шинарски, и Арјох, царот еласарски; четири цара против пет. 10Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше асфалт. И побегнаа царот содомски и царот на Гомора, и паднаа во нив; а другите избегаа во планините. 11Победниците го зедоа сиот имот на Содом и Гомора и сета храна нивна, па си отидоа. 12Го зедоа и Лот, братанецот Аврамов, кој живееше во Содом, и имотот негов, и си отидоа. 13А еден од оние, што се беа избавиле, дојде и му јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше кај светите дрвја. Мамре, Амореецот, со браќата Ешкол и Анер беа Аврамови сојузници. 14А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан. 15Тука ги распореди своите слуги и удри на нив ноќе, и ги разби, и ги гонеше до Хова, кој е северно од Дамаск. 16И го поврати сиот имот и Лот, братанецот свој, со имотот негов, и жените и народот. 17А царот содомски му излезе во пресрет, кога се враќаше, откако го разби Кедорлаомер и царевите, што беа со него, во долината Шаве, која е сега Долина на царевите. 18#Пс 109,4; Евр 7,1И Мелхиседек, царот шалемски, изнесе леб и вино; а тој беше свештеник на Севишниот Бог, 19па го благослови, велејќи: „Благословен да е Аврам од Севишниот Бог, Создателот на небото и земјата! 20#28,22Благословен да е и Севишниот Бог, Кој ги предаде непријателите твои во рацете твои!“ И му даде (Аврам) десетти дел од сѐ. 21А содомскиот цар му рече на Аврам: „Дај ми ги мене луѓето, а имотот земи си го за себе!“ 22Но Аврам му рече на царот содомски: „Ја кревам раката своја кон Севишниот Господ Бог, Создател на небото и на земјата, 23дека ни конец, ниту, пак, ремен од обувки, нема да земам од сѐ она, што е твое, да не речеш – јас го збогатив Аврам, 24освен, она што изедоа момците, и освен делот на луѓето што одеа со мене: Анер, Ешкол и Мамре; тие нека го земат својот дел.“
اکنون انتخاب شده:
Битие 14: MK2006D
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006