YouVersion Logo
Search Icon

Дела 19

19
Пристигнувањето на Павле во Ефес
1Додека Аполос беше во Коринт, Павле мина низ горните земји и дојде до Ефес. Таму сретна некои ученици, 2и им рече: „Кога поверувавте, Го при­мив­те ли Светиот Дух?“ А тие му одгово­рија: „Ние не сме ни слушнале дека има Свет Дух.“ 3Тој им рече: „А како бевте крс­те­ни?“ Тие одговорија: „Со Јовановото крштение.“ 4#1,5; 10,37; 13,24; Лк 3,3.15-18Павле рече: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на наро­дот да верува во Оној, Кој доаѓа по него, односно во Исус Христос.“ 5Кога го слушнаа тоа, тие се крстија во името на Господ Исус. 6#2,4.38; 8,16-17; 10,44.46-48И кога Павле ги положи рацете на нив, Светиот Дух слезе на нив. Тогаш тие почнаа да зборуваат на разни јазици и да пророкуваат. 7А вкупно беа околу дванаесет души.
Павле проповеда во Ефес
8 # 9,20; 14,1 Потоа Павле влезе во синагогата, и тука три месеци смело проповедаше, разговарајќи со нив и убедувајќи ги за царството Божјо. 9Но, бидејќи некои беа тврдоглави и непокорни, и лошо зборуваа за патот Господов пред народот, Павле се оддели од нив, ги одвои уче­ни­ците и секојдневно расправаше во учи­лиштето на некој Тиран. 10Тоа траеше цели две години, така што сите жители на Азија, како Ју­деј­ците, така и Елините, можеа да го слу­шаат словото за Господ Исус.
Синовите на Скева
11А Бог правеше исклучителни чуда преку Павловите раце, 12#5,16така што врз болните полагаа крпи и престилки, што го беа доп­ре­ле неговото тело, и болестите ги на­пуштаа, а злите духови излегуваа од нив. 13#16,16-18Некои, пак, од Јудејците кои скитаа наоколу и ги истеруваа злите духови, се обидоа да го повикаат името на Господ Исус над оние кои беа обземени од зли духови, и велеа: „Ве заколнуваме во Исус, Кого Го проповеда Павле!“ 14Тоа го правеа и седумте сина на јудејскиот првосвештеник Скева. 15А злиот дух одговори и рече: „Исус Го познавам и Павле го знам; но кои сте вие?“ 16И човекот, во кого имаше зол дух, скокна на нив, ги совлада и покажа против нив таква сила, што тие, го­ли и ранети, побегнаа од таа куќа. 17#2,43; 5,5.11За тоа разбраа сите Јудејци и Ели­ни, кои живееја во Ефес, и сите нив ги обзеде страв; и името на Господ Исус се величаше. 18И многумина од оние што поверуваа доаѓаа, та се исповедаа и ги откриваа своите дела. 19А мнозина од оние, кои правеа ма­гии, ги донесоа своите книги и ги изгореа пред сите, па дури ја пресметаа и нивната цена и утврдија дека чинат педесет ил­јади сребреници. 20Така Господовото слово моќно растеше и се засилува­ше.
Бунтот во Ефес и заминувањето на Павле
21А кога се заврши тоа, Павле намисли, откако ќе ги мине Македонија и Ахаја, да оди во Ерусалим, па рече: „Откако ќе престојувам таму, ќе треба да го видам Рим.“ 22#1 Кор 4,17; Фил 2,19И прати во Македонија двајца свои помошници – Тимотеј и Ераст, а самиот остана извесно време во Азија. 23Во тоа време се дигна голем бунт против Господовиот пат: 24некој златар, по име Димитриј, кој правеше сребрени храмови за Арте­мида и на занаетчиите им овоз­мо­жу­ва­ше со тоа не мала заработувачка, 25ги повика нив, а и други работници кои работеа околу такви работи, и им рече: „Мажи, познато ви е дека од таа работа зависи нашата благосостојба. 26А, гледате и слушате дека не само во Ефес, туку скоро во цела Азија, тој Павле убеди и заведе доста народ, ве­леј­ќи дека не се богови оние што се прават од човечки раце. 27#16,19Затоа постои опасност не само нашиот занает да биде презрен, туку и храмот на великата божица Артемида да се смета за безвреден, и да пропадне ве­личието на онаа, која ја почитува цела Азија и светот.“ 28Кога го слушнаа тоа, се исполнија со гнев, и почнаа да извикуваат велејќи: „Велика е Артемида Ефеска!“ 29И целиот град се побуни, па едно­душ­но се втрчаа во театарот, влечејќи ги со себе Македонците Гај и Аристарх, Пав­ловите сопатници. 30А кога Павле сакаше да влезе меѓу народот, учениците не го пуштија. 31Исто така и некои од азиските на­чал­ници, бидејќи му беа пријатели, ис­пратија кај него луѓе и го молеа да не се појавува во театарот. 32И така, едни извикуваа едно, други – друго; зашто меѓу насобраните вла­дееше безредие, и повеќето од нив не знаеја за што се беа собрале. 33По предлог на Јудејците, од народот беше повикан Александар. Тој даде знак со рака, сакајќи да одржи одбранбен говор пред народот. 34Но кога дознаа дека е Јудеец, сите едногласно почнаа да викаат околу два часа: „Велика е Артемида Ефеска!“ 35Кога градскиот писар конечно го смири народот, рече: „Луѓе ефесјани, кој човек не знае дека градот Ефес е чувар на ве­ликата божица Артемида и на нејзиниот кип паднат од небото? 36Па штом тоа е неспорно, вие тре­ба да бидете мирни и да не правите ништо непромислено. 37#16,20А вие сте ги довеле овие луѓе, кои ниту храмот го ограбиле, ниту, пак, ја хулат вашата божица. 38Ако, пак, Димитриј и занаетчиите, што се со него, имаат спор со некого, постојат судови, а има и проконзули: нека се тужат едни со други. 39Ако, пак, барате нешто друго, тоа ќе биде решено во законското собрание. 40Зашто постои опасност да бидеме обвинети за бунт поради денешнава ра­бота, бидејќи нема никаква причина, со која можеме да го оправдаме овој со­бир.“ Штом го рече тоа, го распушти собирот.

Currently Selected:

Дела 19: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in