YouVersion Logo
Search Icon

Дела 20

20
Патувањето на Павле во Македонија и Грција
1 # 2 Кор 2,12-13 Кога стивна вревата, Павле ги повика учениците и, откако се прости со нив, излезе и тргна за Македонија. 2А откако ги мина оние места и ги охрабри верните со многу зборови, пристигна во Грција; 3#21,27; 23,12-22; 1 Кор 16,5-7; 2 Кор 2,12-13таму остана три месеци. И бидејќи Јудејците направија заговор против него, кога сакаше да отплови за Сирија, тој реши да се врати преку Македонија. 4А со него дури до Азија одеа: Сопа­тар, од Верија, а од солунјаните Аристарх и Секунд, Гај од Дерва и Ти­мотеј, и азијците Тихик и Трофим. 5Тие отидоа порано и нѐ чекаа во Троада. 6#21,4; 28,14А ние отпловивме од Филипи по деновите на Бесквасници и за пет дена пристигнавме кај нив во Троада, каде што останавме седум дена.
Чудото со Ефтих во Троада
7И во првиот ден на седмицата, кога се собравме заедно со учениците за да прекршиме леб, Павле беседеше со нив, и бидејќи утредента сакаше да отпатува, го продолжи сло­вото до полноќ. 8Во горната соба, каде што се бевме собрале, имаше доста светилки. 9А едно момче, по име Евтих, седеше на прозорецот, и, совладано од дла­бок сон, додека Павле зборуваше многу, потона во сонот и падна долу од третиот кат, и го дигнаа мртво. 10#Мк 5,35-43Но Павле слезе и се фрли врз него, го прегрна и рече: „Не се вознемирувајте, зашто неговата душа е уште во него!“ 11А потоа, откако се качи горе, пре­крши леб, јадеше и долго зборуваше, дури до зори, а потоа отпатува. 12Тогаш го доведоа момчето живо и тоа многу ги утеши.
Патувањето од Троада во Милит
13Ние отидовме порано со кораб и от­пловивме во Асос, од каде што требаше да го земеме Павле, како што ни порача, зашто са­ка­ше до таму да отиде пеш. 14Кога ни се придружи во Асос, го зе­довме во коработ и дојдовме во Мити­лина. 15А кога отпловивме оттаму, наредниот ден застанавме спроти Хиос, а следниот ден стигнавме во Самос и, откако престојувавме во Трогилија, наредниот ден дојдовме во Милит. 16Павле беше решил да го одмине Ефес, за да не се задржи мно­гу во Азија, зашто се брзаше, ако е можно, да стигне во Ерусалим за денот на Педесетница.
Павле се обраќа до старешините во Ефес
17А од Милит прати во Ефес да ги повика црковните старешини. 18#18,19; 19,10И кога дојдоа кај него, тој им рече: „Вие знаете дека од првиот ден, откако дојдов во Азија, го минував времето со вас, 19#2 Кор 1,8; 11,24; 1 Сол 1,5служејќи Му на Господ со големо смиреномудрие и многу солзи, и иску­ше­нија, што ми се случуваа поради заговорите на Јудејците; 20дека не пропуштив да ви соопштам ништо од она што е полезно и да ве поучувам и на јавни места и по куќите, 21#19,10; 1 Сол 2,10.12сведочејќи им и на Ју­деј­ците и на Елините за покајание во Бога и вера во нашиот Господ Исус Христос. 22И ете, сега, поттикнат од Духот, одам во Ерусалим, не знаејќи што ќе ми се случи таму, 23освен за она, кое Светиот Дух ми го посведочи по сите градови, кажувајќи ми дека ме чекаат окови и маки. 24#26,16-18; 1 Кор 9,24-27; Фил 1,23; 3,12; 2 Тим 4,7Но јас не се грижам за ништо, ниту, пак, ми е мил животот; доволно ми е само со радост да ги завршам патот и службата што ја примив од Господ Исус, да го посведочам благовестието на Божјата благодат. 25#19,8; 28,31И сега, ете, јас знам дека нема веќе да го видите моето лице сите вие, меѓу кои одев и го проповедав царството Божјо. 26#18,6Затоа во денешниов ден ви све­дочам дека сум чист од крвта на сите, 27#20,20бидејќи не се притеснував да ви ја со­оп­штам во целост волјата Божја. 28#Пс 73,1-2; 1 Птр 2,9Затоа внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за епископи, за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која Тој ја придоби со Својата крв. 29#Мт 7,15; Јн 10,12Бидејќи знам дека по моето заминување ќе навлезат меѓу вас лути волци, кои нема да го штедат стадото; 30#Гал 4,17; 2 Тим 4,1-4; 1 Јн 2,19а и од вас самите ќе произлезат лу­ѓе, што ќе зборуваат искривено, за да ги одвлечат учениците заедно со себе. 31#Мк 13,35; 2 Кор 2,4; 1 Сол 2,11Затоа бидете будни и помнете дека цели три години ноќе и дење не прес­та­нував со солзи да поучувам секого од вас. 32#14,23; 15,40; Ефес 2,20-22; 1 Птр 1,5А сега, браќа, ве предавам на Бога и на словото од Неговата благодат, кое може да ве изгради подобро и да ви даде наследство меѓу сите осветени. 33#18,3; 1 Сол 2,9Од никого не побарав ни сребро, ни злато, ниту, пак, облека; 34сами знаете дека за моите и потребите на оние што беа со мене, ми пос­лу­жи­ја овие мои раце. 35Со сѐ ви покажав дека така треба да се трудите, да им помагате на не­моќ­ните, и да ги помните збо­ро­вите на Господ Исус, зашто Тој Сам рече: ’Поблажено е да се дава, отколку да се зема.‘“ 36Кога го рече тоа клекна на колена и се молеше заедно со сите нив. 37#1 Кор 16,20Тогаш сите силно заплакаа и прегрнувајќи го Павле околу вратот, го цели­ваа, 38нажалени најмногу од тоа што рече дека нема веќе да го видат неговото лице. И го испратија до коработ.

Currently Selected:

Дела 20: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in