Дела 18
18
Основање на црквата во Коринт
1Потоа Павле ја напушти Атина и дојде во Коринт. 2Тука сретна еден Јудеец, по име Акила, родум од Понт, кој неодамна дошол од Италија со својата жена Прискила, зашто Клавдиј беше наредил сите Јудејци да го напуштат Рим. Павле дојде кај нив. 3#20,34; 2 Кор 11,7-12; 2 Сол 3,8И бидејќи го имаше истиот занает, остана кај нив и работеше. А занаетот им беше да прават шатори. 4#13,14; 19,8И секоја сабота тој зборуваше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Елините. 5#9,20; 26,23А кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле беше поттикнат од својот дух да сведочи пред Јудејците дека Исус е Христос. 6#13,46.51; 28,28; Лк 9,5; 10,10-11Но, бидејќи тие се противеа и хулеа, тој ги истресе алиштата и им рече: „Крвта ваша – на главите ваши! Јас сум чист. Отсега одам кај незнабошците.“ 7И штом замина оттаму, дојде во домот на некој човек по име Јуст, кој Го почитуваше Бога, и чија куќа беше до синагогата. 8#1 Кор 1,14А Крисп, началникот на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи поверуваа и беа крстени. 9#Ис 41,10; Ер 1,8И Господ му рече на Павле ноќе во видение: „Не плаши се, туку продолжи да зборуваш и не замолкнувај, 10#Јн 10,16; 1 Кор 16,9зашто Јас сум со тебе, и никој не ќе посегне да ти направи зло, бидејќи имам многу народ во овој град.“ 11#19,10Таму тој отседна една година и шест месеци и ги поучуваше во словото Божјо.
Павле повикан пред намесникот Галион
12А кога Галион беше проконзул во Ахаја, Јудејците еднодушно го нападнаа Павле и го одведоа на суд, 13велејќи: „Тој ги убедува луѓето да Го почитуваат Бога спротивно на Законот“. 14И кога Павле сакаше да одговори, Галион им рече на Јудејците: „Ако имаше некоја неправда или лукаво злодело, о, Јудејци, ќе ми беше должност да ве ислушам; 15#23,29; 25,18-19; Јн 18,31но, штом е препирката за учење и за имиња, и за вашиот Закон, видете си сами, зашто јас не сакам да бидам судија во тие работи.“ 16И ги истера од судот. 17#1 Кор 1,1Тогаш сите Елини го фатија Состен, началникот на синагогата, и го тепаа пред судот, а Галион и не обрнуваше внимание на тоа.
Павле се враќа во Антиохија
18А Павле, откако помина таму уште многу време, се прости со браќата и заедно со Прискила и Акила отплови за Сирија, откако ја острижа главата во Кенхреја, бидејќи беше дал завет. 19#17,17; 18,4; 19,8Кога пристигна во Ефес, нив ги остави таму, а тој влезе во синагогата да разговара со Јудејците. 20А кога тие го замолија да остане кај нив подолго време, тој не се согласи, 21#Рим 1,10; 15,32туку се прости со нив и рече: „Секако празникот што доаѓа треба да го поминам во Ерусалим. Ако даде Бог, пак ќе дојдам кај вас.“ И отплови од Ефес. 22Кога слезе во Кесарија, отиде во Ерусалим да ја поздрави црквата и потоа замина за Антиохија. 23#16,5-6Откако престојуваше таму некое време, тргна на пат и ги обиколи со ред пределите на Галатија и Фригија и ги утврдуваше сите ученици.
Аполос во Ефес и Коринт
24И дојде во Ефес некој Јудеец, учен човек, утврден во Писмата, по име Аполос, родум од Александрија. 25#19,3; Рим 12,11Тој беше упатен во патот Господов и со голем жар зборуваше и поучуваше правилно за Господ, иако знаеше само за Јовановото крштение. 26Тој почна да зборува смело во синагогата. Кога го слушнаа Акила и Прискила, го примија кај нив и поточно му го изложија патот Господов. 27#Кол 4,10А кога тој сакаше да замине за Ахаја, браќата го охрабрија и им пишаа на тамошните ученици, за да го примат; и тој кога стигна таму, многу им помогна на оние што поверуваа преку благодатта, 28#9,20; 17,3; 18,5 бидејќи силно и јавно ги побиваше Јудејците, докажувајќи преку Писмата дека Исус е Христос.
Currently Selected:
Дела 18: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023