Дела 17
17
Неволјите во Солун
1Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, каде што имаше јудејска синагога. 2#13,14Павле, по својот обичај, влезе кај Јудејците и три саботи по ред им зборуваше од Писмата. 3#9,20; 18,5; 26,23; Лк 24,26Тој им објаснуваше и докажуваше дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите. И велеше: „Исус, Кого јас ви Го проповедам, е Христос“. 4#13,43; 28,24И некои од нив поверуваа и се присоединија кон Павле и Сила, – големо мноштво побожни Елини, а исто така и не малку угледни жени. 5#13,45; 1 Сол 2,15Но некои од Јудејците што не поверуваа, поттикнати од завист, зедоа некои лоши луѓе од пазарите и, собирајќи толпа, го разбунтуваа градот. Потоа ја нападнаа Јасоновата куќа и почнаа да ги бараат за да ги изведат пред народот. 6#16,20; 24,5; Рим 16,21А бидејќи не ги најдоа, ги изведоа Јасон и некои од браќата пред градските началници и викаа дека оние што го побуниле целиот свет сега дошле и тука, 7#25,8дека нив ги прибрал Јасон, а сите тие постапуваат спротивно на заповедите на цезарот, велејќи дека има друг цар – Исус. 8Па ги вознемирија народот и градските началници, кои го слушаа тоа. 9Но тие, откако добија залог од Јасон и од другите, ги пуштија.
Добар прием во Верија
10 #
13,14
А браќата веднаш преку ноќта ги испратија Павле и Сила кон Верија. А кога тие пристигнаа, отидоа во јудејската синагога. 11Овие беа поблагородни од солунјаните; тие сесрдно го примија словото и секој ден ги проверуваа Писмата, за да се уверат, дали тоа е така. 12#17,34И мнозина од нив поверуваа – од угледните жени Елинки и не мал број мажи. 13Но штом солунските Јудејци дознаа дека Павле и во Верија го проповеда словото Божјо, дојдоа таму за да го вознемират народот. 14Тогаш браќата веднаш го испратија Павле да оди кон морето, а Сила и Тимотеј останаа таму. 15Оние, што го придружуваа Павле, го доведоа до Атина и се вратија со заповед од него до Сила и Тимотеј, да дојдат и тие поскоро кај него.
Павле и атинските филозофи
16И додека Павле ги чекаше во Атина, неговиот дух се вознемируваше, гледајќи го градот, полн со идоли. 17Тој разговараше во синагогата со Јудејците и побожните, но и со оние што секојдневно ги среќаваше на плоштадот. 18#1 Кор 1,22 Некои, пак, епикурејски и стоички филозофи почнаа да се препираат со него; едни велеа: „Што сака да каже овој празнословец?“, а други: „Се чини дека тој проповеда туѓи божества“, зашто им благовестеше за Исус и за воскресението. 19#28,22И зедоа, та го одведоа на Ареопагот, велејќи: „Ќе можеме ли да дознаеме какво е тоа ново учење што го проповедаш? 20Бидејќи нешто непознато внесуваш во нашите уши. Затоа сакаме да дознаеме што е тоа.“ 21А сите атињани, како и туѓинците, кои живееја кај нив, во ништо друго не сакаа да го поминуваат времето освен во тоа да зборуваат или да слушаат за нешто ново. 22Тогаш Павле застана сред Ареопагот и рече: „Луѓе атињани, по сѐ гледам дека сте побожни. 23#3,17; Гал 4,8Зашто, кога минував и ги разгледував вашите светилишта, најдов и жртвеник, на кој беше напишано: ’На непознатиот Бог.‘ Токму за Него, Кого вие Го почитувате без да Го знаете, јас ви проповедам. 24#4,24; 7,48; 19,26; 3 Цар 8,27; Ис 66,1-2; Пс 145,6Бог, Кој го создаде светот и сѐ, што е во него, Кој е Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови, 25#Ис 42,5; Мудр 13,10ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, зашто Сам на сите им дава живот, здив и сѐ. 26#14,17Од една крв го создаде сиот човечки род за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и области на нивните живеалишта, 27#Ис 55,6за да Го бараат Господ, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого од нас: 28#Мудр 13,1-9; Рим 1,19-20зашто во Него живееме, се движиме и сме, како што рекле и некои од вашите поети: ’Зашто и Негов род сме.‘ 29#Ис 40,18-20И така, бидејќи сме Божји род, не треба да мислиме дека Божеството личи на злато, или сребро, или камен, обработени од човечка умешност. 30Но Бог, не осврнувајќи се на времињата на незнаење, сега на сите луѓе насекаде им заповеда да се покаат, 31#10,42; 1 Сол 1,10зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите, воскреснувајќи Го од мртвите.“ 32#1 Кор 1,23Кога чуја за воскресението од мртвите, едни се исмеваа, а други рекоа: „Другпат ќе те слушаме за тоа.“ 33И тогаш Павле си отиде откај нив. 34А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беа Дионисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.
Currently Selected:
Дела 17: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023