Дела 16
16
1Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму имаше еден ученик, по име Тимотеј, син на некоја жена Јудејка, која поверувала, и на татко Елин; 2тој ученик беше докажан меѓу браќата во Листра и Иконија. 3#1 Кор 9,20.21А Павле сакаше тој да тргне со него, и откако го зеде, го обреза поради Јудејците, кои живееја по тие места; зашто сите знаеја дека татко му е Елин. 4#15,23-29; 21,25И додека минуваа низ градовите, тие им порачуваа на верните да пазат на одредбите, определени од апостолите и старешините во Ерусалим. 5#Кол 2,5; 1 Птр 5,9И така, црквите се утврдуваа во верата, и нивниот број секојдневно се зголемуваше.
Павле повикан во Македонија
6 #
18,23
Така тие ги преминаа Фригија и Галатискиот крај, зашто беа спречени од Светиот Дух да го проповедаат словото во Азија. 7#1 Птр 1,11А кога дојдоа во Мизија, се обидоа да отидат во Витинија; но Духот не ги пушти. 8И кога ја напуштија Мизија, тие слегоа во Троада. 9#18,9Преку ноќта Павле имаше видение: пред него стоеше еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“ 10По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме благовестието.
Крштевањето на Лидија од Македонија
11И така, откако отпловивме од Троада, стигнавме право во Самотраки, а утредента – во Неапол, 12и оттаму во Филипи, римска колонија и главен град на тој дел од Македонија. Во тој град престојувавме неколку дена. 13А во саботата излеговме надвор од градот покрај една река, каде што претпоставувавме дека се молат, и кога седнавме, им зборувавме на собраните жени. 14И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше пурпурни ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. 15#11,14; 16,31; Лк 24,29А кога беше крстена таа со нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.
Павле и Сила во затвор
16 #
19,24
Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на своите господари им донесуваше големи приходи од гатањето. 17#Мк 1,24И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие ни го навестуваат патот на спасението.“ 18#3,16Таа ова го правеше многу денови. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исус Христос – излези од неа!“ И излезе во истиот час. 19Штом видоа нејзините господари дека пропадна надежта за нивното богатење, ги фатија Павле и Сила, и ги довлечкаа на плоштадот кај началниците. 20И кога ги приведоа пред управниците, рекоа: „Овие луѓе, што се Јудејци, го бунат нашиот град 21и проповедаат обичаи што нам, како Римјани, не ни доликува ниту да ги примаме, ниту да ги извршуваме.“ 22#2 Кор 11,25Тогаш народот се нафрли на нив; а управителите, штом им ги раскинаа алиштата, започнаа да ги тепаат со стапови; 23и, откако многу ги испотепаа, ги фрлија в затвор, а на затворскиот стражар му наредија да ги чува добро. 24Тој, штом прими таква заповед, ги фрли во внатрешниот дел од затворот и нозете им ги стегна во клада. 25#Кол 3,16На полноќ, пак, Павле и Сила се молеа и Му пееја благодарствени песни на Бога, а затворениците ги слушаа. 26#4,31Одеднаш настана голем потрес, така што и темелите на затворот се поместија, и веднаш се отворија сите врати и оковите на сите отпаднаа. 27А стражарот на затворот, кога дојде при свест и ги виде вратите на затворот отворени, извади меч и сакаше да се убие, зашто помисли дека затворениците избегале. 28Но Павле викна со силен глас и рече: „Не прави си никакво зло, бидејќи сите сме овде!“ 29А тој побара светло, се стрча и растреперен падна пред Павле и Сила; 30#2,37па, откако ги изведе надвор, рече: „Господа, што треба да направам за да се спасам?“ 31#4,12; 11,14; 16,31А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и твојот дом!“ 32И му го проповедаа словото Господово нему и на сите што беа со него во неговата куќа. 33#8,36.38Во истиот час таа ноќ тој ги зеде и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. 34Тогаш ги одведе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога. 35А кога осамна, началниците пратија судски служители, кои рекоа: „Пушти ги оние луѓе!“ 36Затворскиот стражар му соопшти за тоа на Павле: „Управниците пратија да ве ослободам. Затоа, сега излезете и одете си со мир!“ 37#22,25; 23,27Но Павле им рече: „Зарем откако нас, римски граѓани, нѐ тепаа пред народот без суд и нѐ фрлија в затвор, сакаат сега тајно да нѐ пуштат? Не, нека дојдат и сами нека нѐ изведат!“ 38#22,29Судските служители им го соопштија тоа на управниците; а тие се уплашија, кога слушнаа дека тоа се римски граѓани. 39Па дојдоа и им се извинија и, откако ги изведоа, ги замолија да излезат од градот. 40#14,22; 20,1-2А тие, штом излегоа од затворот, отидоа кај Лидија, ги видоа браќата, ги утешија и си заминаа.
Currently Selected:
Дела 16: MAK2023
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023