YouVersion Logo
Search Icon

Дела 15

15
Расправа околу прашањето за обрезанието
1 # 15,5-24; 1 Мојс 17,9-14; 3 Мојс 12,3; Гал 5,2 А некои слегоа од Јудеја и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според Мојсеевиот обичај, не може да бидете спасени!“ 2#Гал 2,1А бидејќи настана расправија, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, беше одлучено Павле, Варнава и некои дру­ги од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка. 3#14,27; 15,12Тогаш тие, испратени од црквата, па­туваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за преобраќањето на незна­бошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа. 4А кога пристигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и од ста­ре­шините, и им раскажаа за сѐ што Бог на­прави со нив и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.
Решавање на спорот: Апостолскиот собор во Ерусалим
5 # 11,2; Гал 2,4-5 Тогаш станаа некои од при­вр­за­ни­ци­те на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезува­ат, и да им се заповеда да го пазат Мојсеевиот за­ко­н. 6Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање. 7#11,5-18; 15,14По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека Бог од првите денови ме избра меѓу вас, за незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на благовестието и да поверуваат; 8#1,24; 10,34.44-47и Бог, Кој ги познава срцата, им пос­ведочи, и им Го даде Светиот Дух како и нам. 9#10,15; 11,9.18; Рим 3,22И не правејќи никаква разлика ме­ѓу нас и нив, со верата им ги очисти срцата. 10#Мт 11,29; Гал 5,1Сега, пак, зошто Го искушувате Бо­га, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, а не можеме ниту ние. 11Но ние веруваме дека ќе се спасиме преку благодатта на Господ Исус, исто ка­ко и тие.“ 12Тогаш замолкна сето мноштво и ги слушаа Варнава и Павле, кои при­кажуваа какви знаци и чуда направил Бог преку нив меѓу незнабошците. 13#12,17; 21,18; Гал 2,9А кога тие завршија, проз­бо­ре Јаков и рече: „Луѓе, браќа, слуш­нете ме! 14#2 Птр 1,1Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Своето име; 15и тоа е во склад со зборовите на пророците како што е напишано: 16#Амос 9,11-12#Ер 12,15’Потоа ќе се вратам и пак ќе ја подигнам паднатата скинија на Давид, и не­јзините урнатини ќе ги поправам и ќе ја издигнам, 17за да Го побараат Господ и останатите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова. 18#Ис 45,21Познати Му се на Бога сите Негови дела од века. 19#15,10Затоа јас мислам да не им се отежнува на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога, 20#15,28-29; 21,25туку да им се напише да се чуваат од осквернување преку идоли, блуд, удавено и крв. 21#13,15.27; 2 Кор 3,5Зашто уште од старо време во секој град има луѓе, кои го про­по­ве­даат Мојсевиот Закон, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“
Писмо испратено до нееврејските верници
22Тогаш апостолите и старешините заедно со целата црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Вар­сава, и Сила, истакнати мажи меѓу бра­ќата, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија. 23И преку нив им го напишаа следново писмо: „Апостолите, старешините и браќата ги поздравуваат бра­ќата, некогашни незнабошци, што се во Антиохија, Сирија и Киликија. 24#Гал 1,7Слушнавме дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале, ве вознемириле со збо­рови, и ги потресле вашите ду­ши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот. 25Затоа ние едно­душно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите возљубени Варнава и Павле, 26#20,24; 21,13луѓе, кои ги предадоа своите души за името на нашиот Господ Исус Хрис­тос. 27И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено. 28#15,10Зашто угодно му беше на Светиот Дух и нам да не ви ставаме никаков друг товар, освен она што е неопходно: 29#15,20да се воздржувате од жртвуваното на идоли, од крв, од уда­вено, и од блуд. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Останете со здравје!“ 30И така, испратените пристигнаа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието. 31А кога тие го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор. 32Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија. 33Откако престојуваа таму некое вре­ме браќата ги отпуштија со мир за да се вратат кај оние што ги беа испратиле кај апостолите. 34Но, Сила одлучи да остане. 35Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестеј­ќи го словото Господово заедно со мно­зина други.
Павле и Варнава се разделуваат
36По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Ајде да се вратиме во сите гра­до­ви, каде што го проповедавме Господовото слово и да видиме како се нашите браќа.“ 37#12,12А Варнава сакаше да го земат со себе и Јован, наречен Марко. 38Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени. 39Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар; 40#14,26а Павле, пак, го избра Сила и замина, предаден од браќата на Божјата бла­годат.
Тимотеј ги придружува Павле и Сила
41 # 15,23 И, минувајќи низ Сирија и Ки­ли­ки­ја, ги утврдуваше црквите.

Currently Selected:

Дела 15: MAK2023

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in