YouVersion Logo
Search Icon

ПЕСНА НАД ПЕСНИ 6

6
2. Девојките:
1„Каде отишол твојот возљубен, о, нјубава меѓу жените? Каде го снема твојот возљубен, за да го бараме со тебе?“
3. Љубовно општење
2Мојот возљубен слезе во својата градина, при леите со мирисливи билки, да пасе по градините и да собира лилјани. 3Јас му припаѓам на мојот возљубен, мојот возљубен ми припаѓа мене; тој пасе меѓу лилјаните.
ПЕТТА ПЕСНА
6:4-11
А. Младожемец набљудува невеста
1. Втор разговор на младоженецот со себе:
4Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата. 5Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат. 6Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена. 7Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез. 8Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици. 9Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и ѝ заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија.
2. Девојките:
10Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата?
Б. Глас на младоженецот:
11Слегов низ ореови насади, за да ги видам младите растенија во долината, за да видам дали распупиле лозјата, дали цветаат калинките?

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in