ЛЕВИТ 3
3
Закон за помирителна жртва
1‘Ако некој принесува помирителна жртва и ако принесе говедо - женско или машко - нека е без недостаток што Му принесува на Господа. 2Нека ја положи својата рака врз главата на својата жртва и нека ја заколе при влезот на Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека ги испрскаат со крвта сите страни на жртвеникот. 3И нека ги принесе од помирителната жртва, како паленица: маста што ја обвиткува внатрешноста, сето сало што е околу внатрешноста; 4двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; и мрежичката што е на црниот дроб; нека ја извади и неа со бубрезите. 5Потоа Ароновите синови нека го изгорат тоа на жртвеникот заедно со паленицата, што ќе биде врз дрвата на огнот: тоа нека е жртва палена на Господа за пријатен мирис.’
6‘Ако некој Му принесува на Господа помирителна жртва од ситниот добиток, нека принесе без недостаток, било машко или женско. 7Ако принесува јагне како дар, нека го принесе пред Господа. 8Нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека го заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека ги испрскаат со неговата крв сите четири страни на жртвеникот. 9Од помирителната жртва нека Му принесат паленица на Господа: лојта, целата опашка слината до ‘рбетникот; лојот што ја обвиткува внатрешноста; 10двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката од црните дробови: нека ја извади и неа со бубрезите. 11Свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот - како храна на огнот за Господа.’
12‘Ако принесува коза, нека ја принесе пред Господа: 13нека ја положи својата рака на главата на својата жртва и нека ја заколе пред Шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови да ги попрскаат со нејзината крв сите четири страни на жртвеникот. 14Тогаш нека Му ги принесе на Господа како паленица: лојот што ја обвиткува внатрешноста, сиот лој што е околу внатрешноста; 15двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините; па мрежичката на црниот дроб, нека ја извади и неа со бубрезите. 16Тогаш свештеникот нека ги изгори на жртвеникот - палена жртва на Господа за пријатен мирис; сиот лој е Господов. 17Ова нека им биде вечен закон на сите ваши поколенија, во кое место и да престојувате: не смеете да јадете ни лој ни крв.’“
Currently Selected:
ЛЕВИТ 3: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.