ЛЕВИТ 2
2
Закон за жртва: лебен принос
1‘Ако некој сака да Му принесе на Господа жртва лебен принос, неговиот дар нека биде од чисто брашно; нека го излее со елеј и нека стави темјан на него. 2Тогаш нека им го донесе на Ароновите синови, на свештениците. И нека земе полн грст брашно со маслото и со сиот темјан и свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот, за спомен. Тоа е жртва палена на Господа за пријатен мирис. 3А што ќе остане од лебниот принос нека им припадне на Арона и на неговите синови - најсветото од Господовите жртви.’
4‘Ако сакаш да принесеш лебен принос печен во печка, тоа нека бидат бесквасни погачи од чисто брашно, замесени со масло, или бесквасни кори, намачкани со масло. 5Ако твојот дар биде лебен принос печен во сад за пржење, нека биде од чисто брашно, бесквасен и замесен со масло. 6Раскрши го на делови и излеј масло на нив: тоа е лебен принос. 7Ако твојот лебен принос е варен во сад за варење, нека биде од чисто брашно со масло. 8Принесувај Му на Господа лебен принос направен така! Нека му биде предаден на свештеникот, а тој ќе го принесе кон жртвеникот. 9Свештеникот нека оддели дел од лебниот принос, за спомен, па нека го изгори на жртвеник: како жртва паленица на Господа за пријатен мирис! 10А остатоците од лебниот принос за Арона и за неговите синови - тоа е најсветото од Господовите жртви.’
Потквасување и сол
11’Никаков лебен принос, што ќе му го принесуваш на Господа, да не биде правен со квас, зашто не смееш да гориш ни квас ни мед како жртва паленица за Господа. 12Принесувајте ги како приноси од првите плодови; но нека не бидат горени на жртвеникот за пријатен мирис. 13Посоли го секој свој лебен принос. Не оставај ги твоите лебни приноси без солта на Заветот со твојот Бог: при секој твој принос принесувај и сол.’
14‘Ако му принесуваш на Господа лебен принос од првите плодови, принеси во дар од твоите првини од класјето, пржени на оган, или брашно од сомлени зрна. 15И излеј масло и стави темјан врз него: тоа е лебен принос. 16А свештеникот нека ги изгори: дел од зрната и маслото со сиот темјан, како жртва паленица на Господа.’
Currently Selected:
ЛЕВИТ 2: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.