YouVersion Logo
Search Icon

Исход 7

7
Мојсеј и Арон прават чудеса пред Фараонот. Претворање вода во крв.
1И Господ му рече на Мојсеја, велејќи: »Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на Фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк твој.
2Ти ќе му зборуваш сѐ, што тебе ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на Фараонот да ти ги пушти синовите Израилеви ос земјата своја.
3Само Јас ќе го ожесточам срцето на Фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудесата Мои во земјата Египетска.
4Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам народот Мој, синовите Израилеви, од земјата египетска со страшна одмазда.
5И ќе познаат сите Египтјани дека Јас сум Господ, кога ја протегам раката Своја над Египет и кога ќе ги изведа синовите Израилеви од нивната средина.«
6И направија така Мојсеј и Арон; како што им заповеда Господ, така направија.
7Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон, братот негов осумдесет и три години кога зборуваа со Фараонот.
8Им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
9»А ако Фараонот ви каже и рече: ‚Направете некакво чудо или дајте знак‘ – тогаш кажи му на Арона, братот твој: ‚Земи го стапот и фрли го наземи пред Фараонот и неговите слуги‘ – тој ќе стане змија.«
10Потоа Мојсеј и Арон влегоа кај Фараонот и слугите негови и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон стапот свој пред Фараонот и пред слугите негови, и тој стана змија.
11Тогаш Фараонот ги повика мудреците египетски и врачевите; и тие направија исто со своето вражање.
12И секој од нив го фрли својот стап и тие станаа змии; само стапот Аронов ги проголта нивните стапови.
13Но срцето Фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
14И му рече Господ на Мојсеја: »Кораво е срцето Фараоново; и нема да го пушти народот.
15Појди утре при Фараонот. И ете, тој ќе излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се претвори во змија, земи го во раката своја.
16И речи му: ‚Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: »Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустињата!« Ни ти, ете, досега не Го послуша.
17Затоа Господ вели: »По ова ќе познаеш, дека Јас сум Господ.« Еве, со стапов, што ми е во раката, ќе удрам по водата, која е во реката, и таа ќе стане крв.
18И рибите што се во реката ќе изумрат, и реката ќе се смириса, а Египтјаните не ќе можат да пијат вода од реката.‘«
19Му рече Господ на Мојсеја – »Кажи му на Арона братот твој: ‚Земи го стапот свој во раката твоја, и пружи ја раката своја над водите египетски: над реките нивни, и над езерата нивни и над сите нивни собиралишта на води; и тие ќе се претворат во крв. И сѐ ќе стане крв по целата земја египетска, и по дрвјата и по камењата.‘«
20Направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речнате вода пред очите на Фараонот и слугите негови. И сета вода речна се претвори во крв.
21И изумреа рибите, што беа во реката, и се смириса реката, така што Египтјаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата земја египетска.
22Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на Фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
23Потоа се сврте Фараонот и се отиде во домот свој; и ни од тоа не се поучи тој.
24А Египтјаните, сите, почнаа да копаат околу реката, барајќи вода за пиење; зашто не можеа да пијат вода од реката.
25И така изминаа седум дена, откако ја удри Господ реката.

Currently Selected:

Исход 7: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in