YouVersion Logo
Search Icon

Исход 8

8
Страдања од жаби, мушички и бубачки.
1Потоа Господ пак му рече на Мојсеја: »Оди при Фараонот, и речи му – вака вели Господ: ‚Пушти го народот Мој, да му изврши служба.‘
2А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ќе ја поразам целата земја твоја со жаби;
3и реката ќе се исполни со многу жаби, и тие ќе излезат и ќе влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куќата на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноќвите твои;
4а врз тебе ќе скокаат жаби и врз народот твој и врз слугите твои.«
5И му рече Господ на Мојсеја: »Кажи му на Арона, братот твој: ‚Пружи ја раката Твоја со стапот свој врз реките, врз изворите и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата Египетска.‘«
6И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата Египетска;
7Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата Египетска.
8Тогаш Фараонот ги повика Мојсеја и Арона и им рече: »Помолете Му се на Господа за мене, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Господа.«
9А Мојсеј му рече на Фараонот: »Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од народот твој и од куќите ваши, а само во реката да останат.«
10И определи: »Утре«. А Мојсеј рече: »Нека биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг освен Господа, нашиот Бог.
11Ќе отидат жабите од тебе, од куќите ваши, од дворовите на слугите твои и од народот твој; само во реката ќе останат.«
12Потоа Мојсеј и Арон излегоа од кај Фараонот. И Мојсеј Му се помоли на Господа за разграничување на жабите, како што беше се договорил со Фараонот.
13И Господ направи како што измоли Мојсеј: жабите изгинаа по куќите, по дворовите и по нивите нивни.
14И ги собраа на купишта, така што земјата засмрде.
15А кога Фараонот виде дека злото помина, му отврдна срцето, и не ги послуша нив, како што беше рекол Господ.
16Тогаш Господ му рече на Мојсеја – »Кажи му на Арона: ‚Пружи го со рака стапот свој, и удри по правот на земјата –‘ и ќе се појават мушички по целата земја Египетска.«
17Арон го пружи со раката стапот свој, и удри по правот на земјата, и се појавија мушички по луѓето и по доборокот, сиот песок на земјата се претвори во мушички по целата земја Египетска.
18Сеобидоа и вражачите египетски со вражањето свое да призведат мушички, но не можеа. И имаше мушички по луѓето и по добитокот.
19И му рекоа вражачите на Фараонот: »Ова е знак Божји!« Но срцето на Фаронотпак се стврдна, и не ги послуша, како што беше рекол Господ.
20И му рече Господ на Мојсеја: »Стани утре и застани пред Фараонот. Тогаш тој ќе излезе кај реката, па кажи му: ‚Вака вели Господ: Пушти го народот Мој, да Ми послужи.‘
21А ако не сакаш да го пуштиш народот Мој, еве, Јас ќе пуштам врз тебе и врз слугите твои, и врз народот твој и во домовите ваши бубачки, и ќе се исполнат со бубачки куќите египетски, и земјата на која се.
22А во оној ден ќе ја одделам земјата Гесем, каде што живее Мојот народ, и таму нема да има бубачки, за да познаеш, дека Јас сум Господ Бог на целата земја.
23И ќе направам разлика меѓу народот Мој и народот твој. Утре ќе го има тој знак на земјата.«
24И направи Господ така: и се појавија многу бубачки во куќите Фараонови, во куќите на слугите негови и во целата земја Египетска, така што се сотре земјата од бубачките.
25Фараонот ги повика Мојсеја и Арона, и им рече: »Отидете, принесете Му жртва на вашиот Господ Бог во оваа земја!«
26Но Мојсеј рече: »Не е можно така да биде, зашто принесувањеот жртва на Господа, нашиот Бог, е нечисто за Египтјаните, пред нивните очи, тие нема ли да нѐ убијат со камења?
27Три дена пат ќе одиме во пустињата, па да Му принесеме жртва на Господа, нашиот Бог, како што ни рече нашиот Господ.«
28И одговори Фараонот: »Ќе ве пуштам да Му принесете жртва на Господа, вашиот Бог, во пустињата; но не одете подалеку, и помолете се на Господа и за мене!«
29А Мојсеј рече: »Еве, јас одам од тебе и ќе Му се помолам на Господа Бога, и бубачките утре ќе исчезнат од тебе и од слугите твои, а и од народот твој. Но престани, Фараоне, да нѐ мамиш, не пуштајќи го народот да Му принесе жртва на Господа.«
30И отиде Мојсеј од Фараонот, и Му се помоли на Господа.
31И Господ направи како што измоли Мојсеј, и си отидоа бубачките од Фараонот, и од слугите негови, и од народот; и не остана ниедна.
32Но пак зарврдна срцето Фараоново, и пак не го пушти народот.

Currently Selected:

Исход 8: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in