YouVersion Logo
Search Icon

Исход 6

6
Мојсеј добива нови заповеди од Бога. Списокот на племињата.
1А Господ Бог му рече на Мојсеја: »Еве, ќе видиш што ќе му направам на Фараонот; со рака силна ќе ги пушти; под дејство на рака цврста дури ќе ги истера од земјата своја.«
2И уште му зборуваше Бог на Мојсеја, па му рече: »Јас сум Господ.
3Јас му се јавив на Аврама и Исака и Јакова како ‚Семоќен Бог‘, а со името Мое како ‚Господ‘ не сум им се открил.
4И направив завет Свој со нив, дека ќе им ја дадам земјата Хананска: земја, во која беа тие придојдени, и во која живееја како туѓинци.
5Ги чув воздишките на синовите Израилеви, кои Египтјаните ги измачуваат, и се сетив на заветот Мој.
6Затоа, појди и кажи им на синовите Израилеви, велејќи: ‚Јас сум Господ, ќе ве изведам од египетското насилство, ќе ве избавам од ропството нивно, ќе ве спасам вас удирајќи со силна рака и со суд голем.
7Ќе ве земам за свој народ, ќе ви бидам Бог, па ќе познаете дека Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ќе ве изведе од Египетската земја.
8И ќе ве воведам во онаа земја, за која кренав рака и се заколнав дека ќе му ја дадам на Авраама, на Исака и на Јакова; и ќе ви ја дадам вам во наследство. Јас Господ!‘«
9Мојсеј им го кажа тоа на синовите Израилеви, но тие не го послушаа Мојсеја од малодушност и поради тешките работи.
10Тогаш Господ пак му рече на Мојсеја, велејќи:
11»Влези, кажи му на Фараонот, царот египетски, да ги пушти синовите Израилеви од земјата своја.«
12А Мојсеј проговори пред Господа и рече: »Ете, синовите Израилеви не ме послушаа, а како ќе ме послуша Фараонот? А освен тоа, јас сум спор во зборувањето.«
13Но Господ им зборуваше на Мојсеја и Арона, и ги задолжи да одат кај синовите Израилеви и кај Фараонот, за да ги пушти синовите Израилеви од земјата Египетска.
14Ова се старешините на нивните домови: синовите на Рувима, провородениот син Израилев: Енох и Фалус, Асрон и Харми; тоа е племето Рувимово.
15А синовите Симеонови се: Јемуил, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на една Хананејка; тоа е племето Сименово.
16А еве ги имињата на синовите Левиеви, според сродствата нивни: Гирсон, Каат и Мерари. А Левиј поживе сто и триесет и седум години.
17Синови, пак, Гирсонови беа: Ловениј и Семеј со семејствата нивни.
18Синови Каатови: Амрам и Исар, Хеврон и Озил. А годините на Катовиот живот беа сто и триесет и три.
19А синовите Мерариеви се: Молиј и Мусиј. Тоа се семејствата на Левиј според сродствата нивни.
20Амрам се ожени со Јохаведа, братучетката своја, и таа му ги роди Арона и Мојсеја и Маријам, сестрата нивна. Амрам поживе сто триесет и седум години.
21Синови, пак, Исарови беа: Кореј, Нафек и Зехриј.
22Синовите Озилови се: Мисаил, Елисафан и Сегриј.
23А Арон ја зеде за жена Елисавета, ќерката Аминадавова, сестра Насонова; и таа му ги роди Надава и Авиуда, Елеазара и Ирамара.
24Синови Корееве беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа е потомството Кореево.
25И Елеазар, синот Аронов, се ожени со една од ќерките Футилови, и таа му го роди Финеса. Тоа се старешините на Левиевото племе, според нивните семејства.
26А Арон и Мојсеј, тоа се оние, на кои Господ им рече да ги изведат синовите Израилеви од земјата Египетска, си силата на дружините нивни!
27Овие се оние, кои му зборуваа на Фаранонот, царот египетски, за да ги изведат синовите Израилеви од земјата Египеска; тоа се Арон и Мојсеј.
28Во оној ден, кога Господ му говореше на Мојсеја во земјата Египетска,
29и му рече Господ на Мојсеја, велејќи: »Јас сум Господ. Кажи му го на Фараонот, царот египетски, сѐ она што Јас ти го реков!«
30А Мојсеј рече пред Господа: »Еве, недоброречив сум, па како ќе ме послуша Фараонот?«

Currently Selected:

Исход 6: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in