YouVersion Logo
Search Icon

Исход 1

1
Намножување и маките на децата Израилеви во Египет.
1А овие се имињата на синовите Израилеви, кои дојдоа во Египет со Јакова, таткото нивни; секој со целото свое семејство дојде.
2Рувим, Симеон, Левиј и Јуда,
3Исахар, Завулон и Венијамин,
4Дан и Нефталим, Гад и Асир. А Јосиф, пак, беше во Египет.
5И сите, кои произлегоа од Јакова, беа седумдесет и пет души.
6Потоа Јосиф умре и сите браша негови, и сиот нивни род;
7а синовите Израилеви се народија и се намножија, и беа многу, и се засилија многу, така што земјата се наполни со нив.
8Тогаш во Египет се зацари нов цар, кој не знаеше за Јосифа,
9и му рече на народот свој: »Еве, народот на синовите Израилеви е многуброен и посилен од нас.
10Па ајде да ги надмудриме за да не се размножуваат; и, ако настане војна, да не се здружат со непријателите наши и да удрат на нас, па да не си отидат од земјата наша.«
11И поставија над нив надзорници над работите за да ги мачат со работа. Така му ги изградија на Фараонот утврдените градови Питом и Рамзес и Он, наречен сега Илиопол.
12Но, колку повеќе ги мачеа, толку повеќе се множеа, и се засилуваа многу, така што се плашеа Египтјаните од синовите Израилеви.
13Затоа Египтјаните ги гонеа синивите Израилеви со жестокост,
14и им го загорчуваа животот со тешки работи, со кал и правење тули, и со секаква работа во полињата, и со сите други работи, ги измачуваа немилосрдно.
15Освен тоа, царот египетски им се обрати на бабиците еврејски, од кои на едната ѝ беше името Сепфора, а на другата Фуа;
16и им рече: »Кога ќе бабувате кај Еврејките, и при породувањето, ако видите дека е машко, убијте го, а ако биде женско, запазете го!«
17Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда царот египетски, туку ги оставаа децата од машки пол.
18А царот египетски ги повика бабиците и им рече: »Зошто правите така и ги оставата машките деца во живот?«
19А бабиците му одговорија на Фараонот: »Еврејките не се како жените египетски: зашто пред да дојде бабицата, тие веќе родиле.«
20Бог, пак, им превеше на бабиците добро; а народот се множеше и многу се засилуваше.
21И бидејќи бабиците се плашеа од Бога, Бог им правеше добро за да преуспеваат во животот.
22Тогаш му заповеда Фараонот на целиот народ свој, велејќи: »Секое машко кое ќе се роди кај Евреите, фрлете го в река: само женските деца оставајте ги во живот.«

Currently Selected:

Исход 1: MK1990

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in