YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 6

6
Отворање на првите шест печати
1И видов кога Јагнето скрши еден од седумте печати, и чув едно од че­ти­рите животни кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види!“ 2#19,11; Зах 1,8-10; 6,1-3И видов, ете, бел коњ, и на него ја­вач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи. 3А кога го извади вториот печат, го чув како проговори второто животно: „Дојди и гледај!“ 4#Ез 21,14-16И излезе друг коњ, црвен; и на ја­ва­чот му беше дадено да го одземе мирот од земјата, та еден со друг да се убива­ат; и му беше даден голем меч. 5#Зах 6,2А кога се отвори третиот печат, чув како проговори третото животно: „Дојди и види!“ И видов, ете вран коњ, а на него јавач со мерила во раката своја. 6И чув глас сред четирите животни, кој зборуваше: „Шиник пченица за де­нариј, и три шиника јачмен за денариј; а растителното масло и виното ќе ги не­ма!“ 7И кога се раскрши четвртиот печат, го чув гласот на четвртото животно кое рече: „Дојди и гледај!“ 8#1,18; Ер 14,12; 15,3; Ез 5,12.17; Ос 13,14И видов. И ете сив коњ, а на него јавач, чие име беше смрт; и адот врвеше по него, и му се даде власт над четвртина од земјата – да убива со меч и глад, со помор и земни ѕверови. 9#20,4А кога го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа 10#11,18; 18,20; 19,2; 5 Мојс 32,43; 2 Цар 9,7; Зах 1,12; Пс 79,10; Лк 18,7и викаа со висок глас, велејќи: „До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?“ 11#3,5.18И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие. 12#Ис 13,10; 50,3; Јоил 3,4; Мт 24,29; Дела 2,20#8,12; Јоил 2,10; Мт 24,29И видов, кога се крена шестиот печат. И, ете, настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и месечината стана како крв; 13#Ис 34,4ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата лулана од силен ветар, ги исфрла пупките свои; 14#16,20и небото исчезна како свиткана хартија, и секоја гора и секој остров се по­местија од местата свои; 15#Ис 2,10.19.21; Ер 4,29и царевите земни, и благородни­ци­те, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пеш­те­ри и горски камењари, 16#4,2; Ис 2,10.19; Ос 10,8; Лк 23,30велејќи им на планините и на кар­пите: „Паднете врз нас и скријте нѐ од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, 17#Јоил 2,1.11; 3,4; Мал 3,2; Рим 2,5зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in