YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 7

7
Црквата како Божји народ
1 # Ер 49,36; Ез 7,2; 37,9; Зах 6,5; Дан 7,2; Мт 24,31 Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по мо­рето, ниту на некое дрво. 2#Ез 9,4И видов друг ангел како се подига­ше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон че­тирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи: 3#9,4; 22,4„Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“ 4#3,12И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израелови. 5#5,5Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жани – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади; 6од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – два­наесет илјади; од Манасиевото колено – дванаесет илјади; 7од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади; 8#Рим 1,1од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.
Црквата како мноштво од избраните
9 # 3,4-5.18; 4,4; 1 Мојс 15,5 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. 10#4,2И воскликнуваа со висок глас, ве­лејќи: „За спасението наше слава на на­шиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“ 11#11,16А сите ангели стоеја околу пре­сто­лот, старешините и четирите животни, и паднаа ничкум пред престолот и Му се поклонија на Бога, 12велејќи: „Амин! Благослов и слава, мудрост и благодарност, чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!“ 13А еден од старешините прозборе и ме праша: „Оние, облечени во бели об­леки, кои се и од каде дошле?“ 14#1,5; 22,14; 1 Мојс 49,11; Дан 12,1; Мт 24,21; Мк 13,19А јас му одговорив: „Ти знаеш, господине.“ А тој ми рече: „Тие се што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето. 15#3,12; 4,2; Ис 4,5-6; Јн 1,14Затоа се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној, Кој седи на прес­то­лот, ќе се всели во нив; 16#Ис 49,10; Пс 121,6и нема веќе да огладнат, ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина; 17#21,4; Ис 25,8; 49,10; Ер 2,13; Ез 34,23; Пс 23,1-2бидејќи Јагнето, Кое е среде прес­толот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни.“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in