Псалми 78
78
ПСАЛМ 78
Верноста Божја во водењето на неговиот непослушен народ
1 #
5 Мојс 32,1
Слушни ги народе мој поуките мои, нека чуе увото ваше што зборува устата моја. 2#49,4; Мт 13,35Ја отворам устата своја со парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време, 3#44,1; 145,4; 2 Мојс 10,2; 13,13; Јов 8,8работи што ги чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши, 4#22,30; 147,19; 2 Мојс 10,2; 12,25-26; 13,13-14; 5 Мојс 4,9; 6,19-24нема да ги криеме од нивните деца, на идниот род ќе му раскажуваме за славата на Господ и силата Негова, и чудесата Негови што Тој ги изврши. 5Тој подигна сведоштво во Јаков и положи закон во Израел, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои, 6за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца, 7да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди 8#5 Мојс 31,27; 32,5.20и да не бидат како татковците нивни – род тврдоглав и бунтовен, непостојан по срце и не Му остана верен на Бога со духот свој. 9#Ос 7,13-16Синовите Ефремови, вооружени, стрелајќи со лакови, отстапија во денот на битката: 10тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон. 11Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал, 12чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во египетската земја, во полињата на Цоан; 13#2 Мојс 14–15го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како насип; 14#105,39; 2 Мојс 13,21дење ги водеше со облак, а по цела ноќ – со огнена светлина; 15#105,41; 114,8; 2 Мојс 17,1-7; 4 Мојс 20,2-13; Ис 48,21разби карпа во пустината и ги напои како од голема бездна. 16Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки. 17#Ез 20,13Но тие продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Го огорчуваат Севишниот во пустината: 18#95,8-9; 2 Мојс 16,2-36; 5 Мојс 6,16Го искушуваа Бога со срцето свое, барајќи храна за своето лакомство, 19#23,5па Го нападнаа Бога, велејќи „Може ли Бог да приготви трпеза во пустина?“ 20Ете, Тој удри во карпа – и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Тој да му даде и леб, може ли да му приготви месо на Својот народ? 21#4 Мојс 11; 5 Мојс 32,22Поради ова што го чу, Господ се разгневи и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јаков и гнев се крена против Израел, 22затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваа на спасението во Него. 23#2 Цар 7,2; Мал 3,10Тој им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата, 24#Јн 6,31па им истури дожд од мана да јадат, и им даде леб небесен. 25#105,40; 5 Мојс 8,3; 1 Кор 10,3Леб ангелски јадеше човекот: Тој им испрати храна до наситување. 26#4 Мојс 11,31Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар, 27па ги обложи со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски: 28ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта, 29#Ос 13,6и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде. 30#4 Мојс 11,33Но уште не беше минала нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна, 31#4 Мојс 14,29а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и израелските момчиња ги погуби. 32При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови. 33И така им минеа дните нивни попусто и годините нивни во ужас. 34#4 Мојс 21,7; 5 Мојс 32,15.18; Ис 26,16; Ос 5,15Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обраќаа и прибегнуваа кон Бога, 35и се сеќаваа дека Бог е нивен помошник и дека Севишниот Бог е нивен избавител. 36Но со устата своја Го мамеа, со јазикот свој лажеа пред Него; 37#Ис 29,13; Ос 6,4; 8,1; Дела 8,21срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов. 38#65,3; 85,3; 2 Мојс 32,14; 4 Мојс 14,20; Ис 48,9; Ез 20,22; Ос 11,8-9Но Тој, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев: 39Тој ќе си спомнеше дека се тие тело и здив што оди и не се враќа. 40#5 Мојс 9,22Колкупати Го беа огорчувале во пустината и Го беа разгневувале во безводната земја! 41#Ис 6,3И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израелов; 42#2 Мојс 12,29-36не се сеќаваа на Неговата рака, ни на денот кога Тој ги избави од непријателот; 43#2 Мојс 7–11кога ги покажа во Египет Своите знаци и во полињата на Цоан – Своите чудеса; 44и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат; 45испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги уништат; 46житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивен на скакулци; 47лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни – со слана. 48И добитокот нивен го уништи со град, а имотот нивен – со оган; 49го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки – одред зли ангели; 50го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивен го предаде на помор; 51#105,36; 106,22уништи сѐ што беше првородено во Египет, првините од нивниот труд во шаторите на Хам. 52#77,20; 2 Мојс 12,41-42; 13,16-17Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустината: 53#2 Мојс 13,17.21; 14,19; 2 Мојс 15,10.19ги водеше сигурно, и тие не се уплашија; непријателите нивни ги покри морето – 54и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила; 55#44,2; 105,11.44; Ис.Н. 13,6; 23,4; 24,8-13и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со ждрепка во нивно наследство, и ги насели израелските колена во полињата нивни. 56#5 Мојс 32,16.21; Суд 2,11-13Но тие Го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови. 57Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак. 58Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа. 59Бог го чу тоа, се разгневи многу, го отфрли Израел; 60#Ис.Н. 18,1; 1 Сам 1,3; 4,2; Ер 7,12; 26,6ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Тој меѓу луѓето; 61#1 Сам 4,11.22и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот; 62#Ер 12,7па го предаде Својот народ на меч и се разгневи на Своето наследство. 63#5 Мојс 32,22-25; Ер 7,34Момчињата нивни оган ги голташе, и за девојките нивни немаше свадбени песни; 64#Јов 27,15свештениците нивни паѓаа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани. 65Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан, 66#1 Сам 5,6-7и ги порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам. 67И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефремово, 68#47,4; 87,2туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби. 69#48,2; 87,2; 2 Сам 5,9И изгради светилиште Свое како небото и како Земјата го утврди засекогаш, 70#1 Сам 13,14; 16,11-13и го избра Давид, својот слуга, го зеде од овчите стада, 71#2 Сам 5,2; 7,7; Ис 40,11; Ез 34,13.23; 37,24; Мих 7,14и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јаков и Израел, наследството Негово. 72#77,20И Тој ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.
Currently Selected:
Псалми 78: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006