YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 79

79
ПСАЛМ 79
Плач по разорениот Ерусалим
1 # 2 Цар 25,9-10; Плач 1,10; Ис 17,1; 25,2; Ер 26,18; Мих 1,6; 3,11 Боже, незнабошците дојдоа во Твое­то наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претво­рија во урнатини. 2#80,12-13; Ер 7,33; 19,6Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небески, а телата на Твоите светии – на земните ѕверови; 3#Ер 14,16; Соф 1,17ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе. 4#44,13-14; 80,6; 5 Мојс 28,37; 1 Цар 9,7; Ер 24,9; 48,26; Ез 14,8; Соф 2,8Станавме за потсмев на соседите на­ши, срам и подбив за оние што се околу нас. 5#44,23; 74,1; 89,46; 5 Мојс 4,24До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори љубомората Твоја како оган? 6#14,4; Ер 10,25; 1 Сол 4,5Излеј го гневот Свој врз народите што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го призиваат името Твое, 7#Ер 50,7зашто тие го испојадоа Јакова и мес­тото негово го опустошија. 8#142,6Не спомнувај ги нашите поранеш­ни беззаконија, туку побрзај да нѐ пре­сретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме понижени. 9#2 Мојс 32,12; Ез 20,44; 36,21Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и очисти нѐ од гревовите наши заради името Твое! 10#42,3; 102,20; 115,2; 126,2; 5 Мојс 32,43; Јоил 2,17; 4,20; Јов 16,18Зошто незнабошците да велат: „Каде е нивниот Бог?“ Барем пред очи­те наши да ја видиме одмаздата над не­з­набошците за пролеаната крв на Твоите слуги. 11Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт. 12#89,50Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи. 13#74,1; 80,1; 95,7; 100,3; Ер 23,1; Ез 34,31А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ќе Те славиме и од род во род ќе разгласуваме за Тебе похвала.

Currently Selected:

Псалми 79: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in