YouVersion Logo
Search Icon

Псалми 77

77
ПСАЛМ 77
Утеха поради милоста на Бога која порано Му ја укажуваше на Својот народ
1Со гласот свој викам кон Бога, со гласот свој кон Бога, за да ме чуе. 2Во денот на тагата моја Го барам Бога ноќе, со издигнати раце кон Него неуморно; но душата моја не може да се утеши. 3#28,2; 50,15; 88,1; Ис 26,16Го спомнувам Бога и воздивнувам, размислувам и духот мој малаксува. 4#42,5.11; 43,5; 142,3; 143,4; Јона 2,8Будни се очите мои, се вознемирив и не можам да говорам. 5Размислував за дамнешните дни, и се сетив за старите години. 6#143,5; 5 Мојс 32,7Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше; 7зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеќе да биде благонакло­нет, 8#74,1; 89,46; Плач; 3,21-23или засекогаш престанала Него­вата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови? 9Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие? 10#74,9; Ис 49,14-15; 63,14Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“ 11Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнеш­ните чудесни дела; 12ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела. 13#143,5Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!? 14#18,30-31; 89,6; 2 Мојс 15,1-18; 5 Мојс 32,4Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите; 15Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф. 16#1 Мојс 46,26-27; Неем 1,10Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа. 17#2 Мојс 14; Наум 1,4; Авак; 3,10-11; Јов 7,12Од облаците се излеа вода, загр­меа небесата зашто стрелите Твои пролетуваа. 18#18,14; 144,6Татнежот на Твојот гром се разнесуваше низ виорот; светкавици ја осветлуваа вселената; Земјата трепе­реше и се тресеше. 19#29; 97,4; 2 Мојс 19,16Твојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води, но Твоите траги не се познаваа. 20#78,52; Ис 43,16; 51,9; Неем 9,11Ти ги водеше како стадо луѓето Твои преку раката на Мојсеј и Арон.

Currently Selected:

Псалми 77: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in