YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 5

5
Предупредување до неверната жена
1 # 4,20; 22,17 Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборо­вите мои, 2#3,21; Мал 2,7за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето; 3#2,16; 5,20; 7,5; 22,14; Пс 55,21; Песна 4,11зашто мед тече од устата на неверна жена, и нејзината уста е помазна од маслиново масло; 4но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две се­чива; 5#2,18; 7,27нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеко­лот. 6#30,20; 2 Птр 2,14Таа не оди по патот на животот, па­тиштата нејзини се непостојани, таа е неразумна. 7#7,24; Пс 119,102Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите мои. 8#7,25Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куќа­та нејзина, 9за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител; 10#Лк 15,13за да не се наситуваат туѓинците од твојата сила, и работата твоја да не биде за туѓа куќа, 11#7,22-23; 31,3за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ќе бидат истош­тени, – 12#1,7.22.25.29; 12,1зашто потоа ќе речеш: „Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето, 13#1,29-30зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа? 14#6,33За малку ќе паднев во секакво зло среде собранието и општеството!“
Љуби ја жената на својата младост
15 # Ис 36,16 Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец. 16#Ер 14,1-6Нека не се разлеваат твоите изво­ри по улицата, водните потоци – по плош­тадите; 17#4 Мојс 20,19; 21,22; 5 Мојс 2,28нека ти припаѓаат тие само тебе, а не и на туѓинци. 18#5 Мојс 24,5; Ис 62,5; Проп 9,9Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост. 19#Песна 2,7; 3,5; 4,5; 7,4Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано; 20#2,16; 5,3; 6,24; 7,5; 23,27и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на туѓа? 21#15,3; 17,3Зашто патиштата на човекот се пред очите на Господ, и Тој ги гледа си­те патеки негови. 22#1,31-32Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат: 23#Јов 4,21; 36,12тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.

Currently Selected:

Изреки 5: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in