YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 4

4
Стекнување и чување на мудроста
1 # 1,8; 2,2 Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите на разум, 2#3,1; 5 Мојс 32,2; Пс 89,30; 119,87зашто добар дар ви дарувам; не оста­вајте ја мојата заповед. 3#1 Лет 22,5; 28,9Зашто и јас бев сакан син на татко ми, и како единец омилен на мајка ми; 4#3,1; 7,2; 3 Мојс 18,5; Јов 22,22и татко ми ме поучуваше и ми веле­ше: зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не заборавај ги! 5#4,7; 16,16Здобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не отстра­нувај се од зборовите на устата моја. 6#2 Сол 2,10Не оставај ја, – и таа ќе те чува, сакај ја, – и таа ќе се грижи за тебе. 7#23,23Најважна е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност. 8#24,14Високо цени ја, и таа ќе те воз­дигне; таа ќе те прослави, ако ја прегрнеш, 9#1,9ќе положи на главата твоја прекра­сен венец, со великолепна круна ќе те дари.
Против безбожничко однесување
10Слушај, синко, и прими ги зборови­те мои, – и ќе ти се умножат годините на животот. 11#1 Сам 12,24Ти го покажувам патот на муд­роста, те водам по прави патеки. 12#3,23; Пс 18,36; Јк 5,20; 1 Птр 4,8Ако одиш, нозете твои нема да се сопнат, и ако потрчаш, нема да се измо­риш. 13#3,18.22; Јн 6,63Држи се здраво за поуката, не ос­тавај ја; пази ја, бидејќи таа е твојот живот. 14#1,15; 3,31; Пс 1,1Не оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши луѓе; 15#3,7; 16,17остави го, не оди по него, отстра­ни се од него и заобиколи го; 16#Мих 2,1; Пс 36,4зашто тие не заспиваат, ако не на­прават зло; и сон не ги фаќа, ако не до­ведат некого до пад; 17#Ис 5,22; 28,1.7; Амос 2,8; Јов 15,16зашто тие јадат леб од беззаконие и пијат вино од грабеж. 18#6,23; 13,9; Ис 9,1; Пс 112,4; Јов 11,17; Дан 12,3; Мт 5,16Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети сѐ повеќе и повеќе, дури не настане ден. 19#2,13; Ис 59,9-10; Ер 23,12; Мт 6,23; Јн 11,10; 12,35А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ќе се сопнат.
Цврсто однесување
20 # 2,1; 5,1; 7,24; 22,17 Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои; 21#3,21; 7,1да не отстапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свое: 22#3,8.22; 12,18зашто тие се живот за оној што ги нашол, и здравје за целото тело негово. 23#Мт 12,34; Лк 6,45Од сѐ, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свое, зашто од него се изворите на животот. 24#6,12; 10,32; 19,1Отфрли ја од себе лажливоста на устата, и лукавството на јазикот од себе оддалечи го. 25#3,6; 11,5; 15,21; Пс 5,8; 119,128Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени право пред тебе. 26#5,21; Пс 119,5; Евр 12,13Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат цврсти. 27#1,15; 5 Мојс 5,32; 28,14Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата твоја од злото.

Currently Selected:

Изреки 4: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in