YouVersion Logo
Search Icon

Изреки 6

6
Не давај гаранција за туѓи долгови
1 # 11,15; 17,18; 20,16; 22,26-27; 27,13 Синко, ако си зел одговорност за твојот ближен и си ја дал раката своја за друг, 2ти си се врзал со зборовите на устата своја, фатен си со зборовите на својата уста. 3Затоа направи, синко еве што, за да се избавиш, бидејќи си паднал во рацете на својот ближен: оди, падни пред но­зете на блискиот свој и моли го; 4не давај им сон на очите твои и дремка на клепките свои, 5спасувај се како срна од стапица и како птица од птичар.
Не биди мрзлив
6 # 10,26; 12,24; 13,4; 15,19; 18,9; 19,24; 20,4.13; 21,25; 22,13; 23,21; 24,30-34; 26,13-16; 30,25 Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа и биди мудар. 7Таа нема ниту началник, ни настој­ник, ниту заповедник; 8но ја приготвува храната лете, ја собира во време на жетва храната своја. 9До кога, мрзливче ќе спиеш? Кога од сонот ќе станеш? 10Малку ќе поспиеш, малку ќе подремеш, малку со скрстени раце ќе полежиш: 11и ќе дојде сиромаштијата твоја како патник, и немаштијата твоја ка­ко разбој­ник.
Лукавиот човек
12 # 11,20; 16,27; 17,20; 24,22; Ис 58,9; Пс 35,19 Човек лукав, човек нечестив оди со лажлива уста, 13намигнува со очите, говори со нозе­те, дава знаци со прстите, 14во срцето негово има подмолност: тој смислува зло во секое време, сее раздори. 15Затоа ненадејно ќе дојде неговата пропаст, наеднаш ќе биде сотрен – и не ќе има лек за него.
Она што Господ го презира
16 # 1,16; 12,19; 16,27; 19,2; 21,4; Ис 1,15; 59,3 Еве шест работи, кои Господ ги мрази – дури седум, што Му се одвратни на душата Негова: 17очи горделиви, јазик лажлив и раце, што пролеваат невина крв, 18срце што крои лоши планови, нозе, кои брзо трчаат кон зло, 19лажен сведок, кој измислува лаги, и оној, што сее раздор меѓу браќа.
Предупредување до жена – прељубница
20 # 1,8; 7,1 Синко, чувај ја заповедта на својот татко и не отфрлај ја поуката на мајка си; 21#3,3врзи ги засекогаш за срцето свое, врзи ги околу вратот свој. 22#3,23-24Кога тргнуваш, тие ќе те раководат; кога легнеш да спиеш, ќе те чуваат, а кога ќе се разбудиш, ќе разговараат со тебе; 23#10,17зашто заповедта е светило, добриот совет – светлина, а поуката – пат кон животот, 24#2,16; 5,3; 7,5за да те чуваат од расипана жена, од ласкав јазик на туѓа. 25#2 Мојс 20,17; Мт 5,28Не посакувај ја убавината нејзина во срцето свое, и да не те вовлече со трепките свои, 26#1 Мојс 38,17зашто блудната жена се задоволува со корка леб, а жена прељубодејка го уловува скапоцениот живот. 27#Ос 7,4Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова? 28Може ли некој да оди по вжарени јаглења, а да не ги изгори нозете свои? 29#19,3Истото тоа станува и со оној, кој влегува кај жената на ближниот свој; оној што ќе се допре до неа, нема да остане без вина. 30Не му проштеваат ни на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен; 31ако го фатат, тој плаќа седумпати повеќе, го дава целиот свој имот. 32Кој, пак, врши прељуба со прељубница, тој нема ум; си ја погубува душата своја, оној што го прави тоа; 33биење и срам ќе најде тој, и бес­честието негово нема да се избрише, 34зашто љубомората ја разгорува јароста на мажот, и во денот на одмаздата своја – тој не ќе знае за милост, 35нема да прими никаков откуп и нема да се задоволи ни со многу подароци.

Currently Selected:

Изреки 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in