YouVersion Logo
Search Icon

Јов 21

21
Говор на Јов: безбожниците имаат среќа
1Одговори Јов и рече: 2#13,6„Ислушајте го внимателно зборот мој; тоа ќе ми биде утеха од вас. 3Потрпете ме, и јас ќе говорам; а потоа, откако ќе се искажам, потсме­вајте се. 4#19,6Зар на човек се оплакувам јас? Па како да не биде трпението мое при крај? 5#29,9; 40,4; Изреки 30,32Погледајте ме и ужаснете се, и ста­вете прст на устата своја. 6#12,4-6Само кога ќе помислам, – истрпнувам, и трепет го обзема телото мое. 7#Ер 12,1-2; Пс 73,3-12; Мт 3,15Зошто беззакониците живеат, дос­тигнуваат старост, и остануваат со моќ? 8Децата нивни се со нив пред лицето нивно, и внуците им се пред очите нивни. 9#12,6Куќите им се во мир и спокојство, и жезолот Божји не е врз нив. 10Бикот нивни оплодува и не про­пушта, кравата нивна зачнува и не пометнува. 11Ги пуштаат малите свои како стадо, и децата нивни скокаат. 12#Ис 5,12; Амос 6,5Подвикнуваат при тимпани и гусли и се веселат со свирки; 13#21,18ги поминуваат деновите во добро и во еден миг слегнуваат во гроб. 14#22,17; Ис 30,11А притоа, Му велат на Бога: – ‚Отстрани се од нас, не сакаме да знаеме за Твоите патишта! 15#Мал; 3,14-15Што е Седржителот, та да Му служиме? И каква полза има да прибегнуваме кон Него?‘ 16Гледаш, доброто нивно не е во нивните раце. Да биде далеку од мене советот на безбожниците! 17Често ли згаснува светилката на беззакониците и ги сполетува ли зло, и Тој во гневот Свој ги дарува ли со страдања? 18#21,13Тие треба да бидат како сламка пред ветар и како плева, завеана од виор. 19#5 Мојс 7,10Ќе речеш: ‚Бог го чува злото не­гово за неговите деца. – Нека му воздаде Тој на него самиот, за да го знае тој тоа.‘ 20#Ер 25,16Нека очите негови го видат злото негово; и сам нека пие од гневот на Седржителот. 21#14,10-12; Проп 9,5-6Зашто, што му е грижа за домот негов по него, кога бројот на месеците негови ќе се сврши? 22Но Бога ли ќе Го учиме на мудрост, кога Тој им суди и на самите ангели? 23Некој умира во најголемата сила своја, сосема спокоен и мирен; 24боковите негови се полни со маст, и сржта од коските негови сѐ уште е свежа. 25Друг, пак, умира со огорчена душа, без да вкуси добро. 26#Проп 2,15И еден до друг в земја лежат и црви нив ќе ги јадат. 27Ги знам вашите мисли и намери, какви зла против мене кроите. 28#20,7Вие велите: ‚каде е домот на кнезот, каде е шаторот на безбожници­те?‘ 29Зар не сте ги распрашувале патни­ците и нели сте запознаени со нивните забележувања, 30#21,13; Пс 73,5дека во денот на смртта безбож­никот бива поштеден; во денот на гневот се одведува настрана? 31Кој ќе му го прекори пред лицето негово неговиот пат, и кој ќе му врати за она што го вршел тој? 32#Проп 8,10Го спроведуваат до гробиштата и во гробот свој останува тој. 33#Проп 3,20Лесни се за него земјените грутки; по него одат многу луѓе, а оние пред него број немаат. 34#16,2; 26,2Како тогаш сакате да ме утешите со суета? Во одговорите ваши има само лага.“

Currently Selected:

Јов 21: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in