YouVersion Logo
Search Icon

Јов 22

22
Говор на Елифаз: Јов е несомнено виновен
1Проговори тогаш Елифаз од Теман и рече: 2#21,4„Зар човек може да Му биде ко­рисен на Бога? Мудриот сам за себеси е полезен. 3#35,7Се радува ли Седржителот затоа што си праведен? И ќе има ли полза за Него, затоа што ги чуваш непороч­ни патиштата свои? 4#11,10Зар Тој, плашејќи се од тебе, ќе влезе во борба со тебе, ќе појде ли да се суди со тебе? 5#15,25Навистина, твојата злоба е голема, и беззаконијата твои крај немаат. 6#2 Мојс 22,25-26; Ис 58,7; Ез 18,7Навистина, ти земаше залог од браќата свои за ништо и на полуголи им ги соблекуваше алиштата нивни. 7#Мт 25,42-43На измачен од жед не му даваше вода да се напие, а на гладен леб му откажуваше; 8#2 Мојс 23,6а на силен човек му даваше земја, и повидниот се населуваше на неа. 9#2 Мојс 22,21Вдовиците ги испраќаше без ни­што, и сираците ги оставаше со праз­ни раце. 10#18,8; 19,6Затоа околу тебе има стапици, и неочекуваниот ужас те збунува. 11#Пс 69,1-2Темнина е околу тебе, во која ни­ш­то не гледаш и голема вода те по­крива. 12#Ис 40,22; Проп 5,1Нели Бог е повисоко од небесата? Погледај ги горе ѕвездите, колку се високо тие! 13#Ис 29,15; Пс 73,11; 94,7И ти велиш: ‚што знае Бог?‘ Може ли Тој да суди во мрак? 14#Ер 23,23-24Облаците се Негова завеса, така што не гледа, туку само оди по небесниот круг. 15#1 Мојс 6,5.12Зар ти не одиш по патот на старите, по кој оделе беззакониците, 16#Мт 24,39а кои предвреме беа истребени, кога водата се беше разлеала под основите нивни? 17#21,14Тие му велеа на Бога: ‚отстрани се од нас! И што ќе им направи Седржителот?‘ 18#21,16; Ос 2,10Тој ги полнеше со богатство куќите нивни. – Но далеку да е од мене советот на безбожниците! 19#Пс 58,10; Откр 18,20Ќе видат праведници и ќе се радуваат, а непорочните ќе им се потсме­ваат: 20#18,15‚Непријателите наши пропаднаа, а имотот нивни оган го гори.‘ 21#5,8Зближи се со Него – и ќе бидеш спокоен; преку тоа ќе ти дојде доброто. 22#5,17Прими го од устата Негова зако­нот и стави ги зборовите Негови во срцето свое. 23#5,19Ако се обрнеш кон Седржителот, одново ќе се средиш; ќе го отстраниш беззаконието од шаторот свој; 24#11,13-14тогаш ќе го фрлиш драгоцениот метал во прав, и во поточните камења – офирското злато. 25#8,6; Пс 16,5-6Седржителот ќе биде твоето злато, ќе биде за тебе како блескаво сребро. 26#11,13-14; Ис 58,14; Пс 63,3-5; 84,11И тогаш ќе се радуваш на Се­држи­телот, ќе го кренеш лицето свое кон Бога. 27#11,15; Наум 2,1; Пс 66,13; 116,18Ќе Му се помолиш, и Тој ќе те чуе, и ти ќе ги исполниш заветите свои. 28#Пс 97,11Ќе наумиш нешто, и тоа ќе се исполни, над твоите патишта ќе свети светлина. 29#Лк 14,11Кога некој ќе биде понизен, ќе речеш: ‚угоре!‘ и Тој ќе го спаси оној со наведнатото лице; 30#42,8ќе го спаси и виновниот; а ќе го спаси преку чистотата на твоите раце.“

Currently Selected:

Јов 22: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in