YouVersion Logo
Search Icon

Јов 20

20
Говор на Софар: несреќите на безбожникот
1Проговори Софар од Ноема и рече: 2„Размислувањата мои ме поттикнуваат да одговарам, брзам да ги искажам. 3#18,3Срамен прекор чув за мене, но духот на мојот разум ќе одговори за мене. 4#Пс 37; 73Зар не знаеш ти дека е тоа од памтивека, – откога е човекот поставен на земјата, 5дека веселбата на беззакониците е краткотрајна, и радоста на безбож­ниот е за миг? 6#1 Мојс 11,4; Ис 14,13-14И до небесата да се издигне вели­чието негово, и до облаците да се допира главата негова, – 7тој засекогаш ќе пропадне, како и гадотиите негови; оние што го ви­деле, ќе кажат: – каде е тој? 8#Ис 29,8; Пс 73,20Како сон ќе одлета, и нема да го најдат; како ноќно привидение ќе исчезне. 9Кое око го видело, повеќе нема да го види, и местото негово повеќе нема да го забележи. 10#27,17Синовите негови ќе им се умилкуваат на сиромасите, и рацете негови ќе го вратат она што го ограбил. 11#17,16; 21,24Коските негови се полни со гре­вови на младините негови, со него ќе легнат тие во земјата. 12#Изреки 20,17Ако злото е слатко во устата негова, и тој го крие под јазикот свој, 13го чува и не го фрла, туку го држи во устата своја; 14сепак таа храна во утробата негова, внатре во него, ќе се претвори во зми­ски отров. 15Ќе го изблуе доброто што го голтнал: Бог ќе го исфрли од стомакот не­гов. 16#5 Мојс 32,33; Пс 58,4Змиски отров ќе шмука тој; јазикот на змијата ќе го умртви. 17#29,6Нема да види потоци и реки од мед и млеко. 18Спечаленото со труд ќе го врати, нема да го изеде; според имотот негов ќе стане и плаќањето негово; и тој нема да се зарадува. 19Зашто притеснуваше и прогонуваше сиромаси; заграбуваше куќи што не ги градел; 20#Проп 5,9не знаеше ситост во стомакот свој, и во жедта своја ништо не ште­деше. 21Ништо не се откинуваше од лакомоста негова, затоа и радоста негова нема долго да потрае. 22При полно изобилство, тесно ќе му биде; рацете на сиромасите ќе се кренат врз него. 23Кога има со што да го наполни стомакот негов, Тој ќе ја испрати врз него јароста на Својот гнев и ќе истури како дожд врз него болести во телото негово. 24#5 Мојс 32,41-42; Амос 5,19Ќе избега ли од железното ору­жје, – бакарен лак ќе го прободе. 25#15,21; 18,14; 27,20; Пс 88,15-16Ќе ја извлече тој стрелата од грбот свој, низ жолчката му ќе помине со својот блескав врв. 26#15,34Сѐ што е мрачно се крие во него; го гори оган, од никого нераздуван; ќе изгори сѐ под шаторот негов. 27Небото ќе го открие неговото зло, а и земјата ќе се крене против него. 28#Ис 24,18; Соф 1,18; Изреки 11,4Ќе исчезне богатството на куќата негова; сѐ ќе се растури во денот на гневот Божји. 29#27,13; Откр 21,8Тоа е делот од Бога за беззакониот човек и наследство, определено за него од Седржителот!“

Currently Selected:

Јов 20: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in