YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 57

57
Мир на праведниците и во смртта; немир на грешниците
1 # Мих 7,2; Пс 12,1 Праведниот умира и никој не се загрижува; и благочестиви луѓе се земаат и никој не помислува дека праведникот од зло се оттргнува. 2Тој оди во мир; оние што одат по правиот пат, ќе почиваат на леглата свои.
Осуда на идолопоклонството
3 # Ез 16; Ос 2,4; Мал 3,5 Но приближете се вие тука, синови на врачеви, семе на прељубодеец и блудница! 4#37,23; Пс 35,21Со кого се подбивате? Против кого отворате уста и го покажувате јазикот? Не сте ли деца на гревот, семе на лагата, 5#3 Мојс 18,21; 5 Мојс 12,2.31; Ер 2,20; Ез 6,13; 16,20-21кои сте запалени од похотта кон идоли под секое гранчесто дрво, кои колете деца покрај потоци, меѓу пукнатини на карпи? 6#2 Цар 17,10-11; Пс 16,5Во мазните камења на потоците е твојот дел; тие, тие се твоја ждрепка, ним им правиш ти прелив и им принесуваш жртва: можам ли Јас да бидам од тоа задоволен? 7#5 Мојс 23,19; Ез 16,31На висока и голема планина го поставуваш леглото свое, и таму се качуваш да принесуваш жртва. 8#57,11; Ез 16,15Зад вратата и зад довратниците ги ставаш твоите спомени; зашто, кога ќе се одвратиш од Мене, ти се разголуваш и се качуваш; го прошируваш леглото свое и се договараш со оние од нив, со кои сакаш да лежиш и го погледнуваш местото. 9#3 Мојс 20,5; Ер 32,35; Ез 23,16; Мих 6,7Ти си одела и кај царот со миризливо масло и си ги умножувала твоите мириси, и далеку си ги испраќала свои­те гласници и си ги струполила до пе­колот. 10#47,12; Ер 2,25Од долгото скитање ти си папсана, но не рече: „Надежта е изгубена!“ Сѐ уште си наоѓаш нова сила и затоа не почувствува слабост. 11#42,14; 51,12-13; Пс 50,21А од кого се уплаши и застраши, па стана неверна и престана да Ме помниш и пазиш во срцето свое? Не е ли затоа што Јас молчев, што молчев долго, та ти престана да се плашиш од Мене? 12#44,9Ќе ја објавам твојата правда и твои­те дела, и тие нема да бидат во твоја полза. 13#56,7; 60,21; 65,9; Пс 37,9-34Кога ќе повикаш, ќе те спасат ли идолите што си ги собрала? – Сето тоа ветрот ќе го однесе, ќе го развее; а кој се надева на Мене, ќе ја наследи земјата и ќе ја владее Мојата света гора.
Помош за беспомошните
14 # 11,16; 40,3; 62,10; Пс 68,4 Ќе се рече: „Срамнете, рамнете, из­рамнете го патот, отстранете ги преч­ките од патот на Мојот народ.“ 15#6,1; 53,5; 3 Мојс 17,1; Пс 22,3; 51,19; 113,5-6; 138,6Зашто вака вели Високиот и Возвишениот, вечно Живиот, Чие име е Светец: „Јас живеам на небесната висо­чина и во светилиштето, но Јас сум и со оние што имаат скршено срце и по­низен дух, за да го оживувам духот на понижените и да ги оживувам срцата на поразените. 16#64,8; Ер 3,5.12; Пс 103,9; 130,3Зашто нема вечно да се заканувам, ниту докрај да се гневам; инаку ќе пад­не пред Мене секој дух и секоја душа што сум ги создал. 17#54,8; 56,11; 64,6; 5 Мојс 31,17; Ер 3,14-22Заради нивното грешно лукавство, Јас се разгневив и ги биев, се криев и се лутав; но тие продолжуваа да си се вра­ќаат на своите патишта. 18#60,20; 61,2-3; 2 Мојс 15,26; Ер 3,22; Ос 6,1Ги видов патиштата нивни, но ќе ги излекувам, ќе ги водам и ќе ги уте­шувам, нив и оние што ги жалат. 19#27,5; Дела 2,39; Ефес; 2,13-17Јас ќе го исполнам словото: мир, мир на далечен и на ближен“ – вели Господ, „И ќе го излекувам.“ 20#Ер 49,23; Јуда 1,13А нечесните се како разбрането мо­ре, кое не може да се смири, и чии води исфрлаат тиња и кал. 21#48,22Нема мир за грешниците, вели Гос­под Бог.

Currently Selected:

Исаија 57: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in