YouVersion Logo
Search Icon

Исаија 56

56
Сите народи ќе бидат дел од Божјиот народ
1 # 28,17; 46,13; 51,5-6.8; 3 Мојс 18,26; Ер 22,3; Амос 5,24; Пс 85,9 Вака вели Господ: пазете го правосудството и вршете правда; зашто близу е спасението од Мене и от­кровението на Мојата правда. 2#58,13; 2 Мојс 20,8; 31,14; Ер 17,24; Пс 1; 119Блажен е човекот, кој го прави тоа и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата за да не ја оскверни и ја чува раката своја – за да не врши никакво зло. 3#2 Мојс 12,48; 5 Мојс 23,2-9Синот на туѓинецот, кој се присоединил кон Господ, да не вели: „Господ сосема ме оддели од Својот народ“, и евнухот да не рече: „Ете, јас сум суво дрво.“ 4#65,12; Мт 19,12Зашто вака вели Господ за евнусите: „Оние што ги пазат Моите саботи и го избираат она, што Ми е Мене угодно, оние што цврсто се придржуваат за заветот Мој, – 5#1 Сам 1,8; 2 Сам 18,18; Откр 2,17; 3,5ним ќе им дадам во домот Свој и во ѕидините Свои место и име подобро отколку на синовите и ќерките: ќе им дадам вечно име, кое нема да биде истребено.“ 6#18,7; 1 Цар 8,41-43; Ез 44,7-9И синовите на туѓинците, што се присоединиле кон Господ, за да Му служат и да го сакаат името на Господ, да бидат слуги Негови, – сите кои ја пазат саботата да не ја осквернат и цврсто се придржуваат за заветот Мој, 7#60,7; Пс 15; Мт 21,13; Мк 11,17; Рим 15,16Јас ќе ги одведам на Мојата света гора и ќе ги зарадувам во Мојот дом за молитва: сепалениците нивни и жрт­вите нивни ќе бидат благопријатни врз Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече молитвен дом за сите народи. 8#11,12; 66,18; Пс 147,2; Јн 10,16Господ Бог, Кој ги собира рас­прснатите Израелци, вели: покрај веќе собраните Израелци, ќе собирам и други.
Казна за водачите
9 # 3 Мојс 26,22; Ер 12,9; Ез 39,17; Пс 80,13 Дојдете да јадете вие, сите ѕверови полски, сите ѕверови шумски! 10#3,12; 9,15; 2 Сам 16,9Стражите нивни сите се слепи и не­разумни: сите тие се неми пци, кои не можат да лаат, но лежејќи, бладаат и сакаат да спијат. 11#57,17; Ер 6,13; 10,21; 12,10; 23,1; Ез 34,2Тоа се пци со ненаситна душа, кои не знаат ситост; и тоа се пастири не­разумни: сите, од првиот до последниот, го гледаат својот пат, својата заработка: 12#5,11; 22,13; 28,7„Дојдете – велат – ќе донесеме вино, ќе се напиеме жесток пијалак; и утре ќе биде истото она што и денес, дури и повеќе отколку денес.“

Currently Selected:

Исаија 56: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in