Исаија 58
58
Казна за лажна светост
1 #
Ез 23,36; Ос 8,1; Мих 3,8 Викај со сиот глас, не воздржувај се; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово, и на домот Јаковов – гревовите негови. 2#42,1; 55,6; Пс 73,28Тие секој ден Ме бараат и сакаат да ги знаат Моите патишта, како народ, кој божем постапува праведно и не ги остава законите на својот Бог, сакаат да се приближат до Бога: 3#3 Мојс 23,27; 4 Мојс 29,7; Зах 7,5; Мал 3,14; Пс 35,13; Мт 6,17-18„Зошто ние постиме, велат, а Ти не гледаш; ги измачуваме душите свои, а Ти не сакаш да знаеш?“ – Ете, кога постите, вие ја исполнувате својата волја и други угнетувате. 4#1,15; 2 Мојс 21,18Ете, вие постите за караници и расправии и за да ги биете со рака сиромасите; со таков пост со каков што постите денес, гласот ваш нема да биде чуен во висините. 5#Ер 6,26; Мт 6,16; 11,21Таков ли е постот, што Јас го определив: човек да ја изнемоштува душата своја во денот кога ја наведнува главата како трска и под себе постила вреќиште и пепел? Тоа ли ќе го наречеш пост и ден угоден на Господ? 6#1,11; Ер 34,8-9; 42,3; Амос 5,21; Мт; 25,34-40; Лк 4,18Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем; 7#5 Мојс 22,1; Ез 18,5-9; Јов; 31,19-20; Мт; 25,35-36раздели го лебот свој со гладните, и бездомните сиромаси закрили ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од крвните сродници не криј се. 8#52,12; 60,1; Ер 30,17; Пс 85,13Тогаш твојата светлина ќе светне како зора, и твоето здравје наскоро ќе процути, твојата правда ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува. 9#30,19; 52,6; 65,1.24; Пс 91,15Тогаш ти ќе повикаш – и Господ ќе те чуе, ќе извикаш – и Тој ќе рече: „Еве Ме.“ Кога ќе го отстраниш од себе јаремот, кога ќе престанеш да креваш прст и да говориш лошо, 10#Пс 37,6; 112,4; Јов 11,17; Мт 5,14; Јн 8,12кога ќе ја поделиш со гладниот храната своја и ќе ја нахраниш душата на страдалникот, – тогаш твојата светлина ќе изгрее во темнината, и мракот твој ќе биде како пладне; 11#66,14; Ер 31,12; Јн 4,14и Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои; ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат. 12#61,4; Неем 3Тогаш твоите потомци ќе градат врз стари урнатини: ти ќе ги поставиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби. 13#56,1-8; 2 Мојс 31,15; Ер 17,24; Ез 20,12-24Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш, – 14#1,20; 40,5; 5 Мојс 32,12-13; Амос 4,13; Пс 37,4; Јов 22,26тогаш ќе имаш радост во Господ, а Јас ќе те искачам на височини земни и ќе ти дадам да вкусиш од наследството на Јаков, твојот татко: устата на Господ го изрече тоа.
Currently Selected:
Исаија 58: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006