Ездра 5
5
Повторно започнување на работите околу обновувањето на храмот
1 #
Агеј 1,14–2,9; Зах 4,9 Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, синот на Идо, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бог Израелов. 2#2,2; Агеј 1,14; Зах 4,6-10; 1 Лет 3,19Тогаш Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоседек, почнаа да го градат Божјиот дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои ги поддржуваа. 3#6,6Во тоа време дојдоа кај нив Татенај, управител од оваа страна на Реката, и Ситар-Бознај, со своите соработници, и им рекоа вака: „Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидишта?“ 4Потоа ги прашаа: „Кои се имињата на луѓето што ја градат таа зграда?“ 5#Ис 66,14; Пс 33,18Но окото на нивниот Бог беше врз старешините јудејски, и тие не им се заканија, додека работата не отиде до Дариј, и додека не дојде писмено решение за таа работа.
Јудејците обвинети пред царот Дариј
6Еве ја содржината на писмото што го испратија Татенај, управител на областа зад Реката, и Ситар-Бознај со своите соработници – Афарсехајци, од онаа страна на Реката, до царот Дариј. 7Во соопштението што го испратија до него, еве што беше напишано: „До царот Дариј – секаков мир! 8#6,4Да знаеш, царе, дека ние бевме во ерусалимската област во домот на великиот Бог; го градат со големи камења, а во ѕидиштата ставаат дрва; таа работа напредува брзо и успешно во рацете нивни. 9#4,12Тогаш ги прашавме нивните старешини и им рековме вака: ‚Кој ви дозволи да го градите овој дом и да ги поправате овие ѕидови?‘ 10Освен тоа, ги прашавме и за имињата нивни за да ти јавиме и да ти го напишеме името на главниот меѓу нив. 11#1 Цар 6,1; 2 Лет 3,1-2Тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Бога на небото и на земјата и градиме дом што беше изграден многу години пред тоа, – а великиот цар Израелов го градеше и го доврши. 12#2 Цар 25,8-21А кога татковците наши Го разгневија Бога небесен, Тој ги предаде во раката на Навуходоносор, царот вавилонски, Халдеец; тој го разруши овој дом и го пресели народот во Вавилон. 13#1,2-4Но во првата година од владеењето на Кир, царот на Вавилон, Кир дозволи да се изгради овој дом Божји; 14#Дан 5,2.23уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени, што Навуходоносор ги беше земал од ерусалимскиот храм, па ги беше однел во вавилонскиот храм, – цар Кир ги изнесе од вавилонскиот храм и ги даде со број на Сасавасар, управникот на ризницата, 15и му рече: – земи ги тие садови, и однеси ги во ерусалимскиот храм, и Божјиот дом нека се гради на своето место. 16Тогаш оној Сасавасар дојде и ги постави темелите на Божјиот дом во Ерусалим; оттогаш па досега се гради и уште не е завршен.‘ 17И така, ако му е угодно на царот, нека побара во домот во царските архиви, таму во Вавилон, дали навистина цар Кир дозволил да се гради овој дом Божји во Ерусалим, и нека испратат одговор за волјата на царот околу тоа.“
Currently Selected:
Ездра 5: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006