Ездра 6
6
Одговор од царот Дариј
1 #
4,15
Тогаш царот Дариј издаде заповед, и бараа во Вавилон, во архивот, каде што ги чуваа важните документи. 2И во Ахмета, во дворецот, кој е во областа Мидија, беше пронајден еден свиток, и во него беше напишано вака: „Потсетник. 3#1 Цар 6,2Во првата година од владеењето на царот Кир, царот издаде указ за домот Господов во Ерусалим: Нека биде изграден дом на она место, каде што принесуваат жртви, и нека му се постават здрави темели; висината негова – шеесет лакти, ширината негова – шеесет лакти; 4#1 Цар 6,36; 7,12три реда големи камења, еден ред дрва; а трошоците нека се плаќаат од царскиот дом. 5#1,7; 1 Лет 29,2Уште и садовите на Божјиот дом, златни и сребрени што Навуходоносор ги изнесол од ерусалимскиот храм и ги однел во Вавилон, нека се вратат и однесат во ерусалимскиот храм и да бидат наместени во Божјиот дом, секој на свое место. 6#5,3Затоа, Татенај, кој управуваш со задречната област, и ти Ситар-Бознај и вие нивни соработници, испратени во областа зад Реката, бидете на разумна оддалеченост оттаму! 7Не запирајте ја работата на Божјиот дом; јудејскиот кнез и јудејските старешини нека го градат оној Божји дом на местото негово. 8А јас издадов указ, според кој треба да им помагате на тие старешини јудејски во градбата на овој дом Божји, односно: од царскиот имот – од данокот на задречната област да им се дава на тие луѓе за да не се запира работата; 9и колку што ќе бидат потребни – телиња, овни или јагниња за сепаленици на Бога небесен, исто така и пченица, сол, вино и масло, толку, колку што ќе определат свештениците ерусалимски, нека им се дава секој ден без прекин, 10#1 Тим 2,2за да принесуваат благопријатни жртви на Бога небесен, и да се молат за животот на царот и синовите негови. 11#7,26; 5 Мојс 21,22-23; Ест 2,23; 5,14; 9,14; Дан 2,5; 3,29Заповедам уште – кој ќе ја измени оваа наредба, да извадат греда од куќата негова, да го издигнат и приковаат на неа, а куќата негова поради тоа да се претвори во урнатини. 12#2 Мојс 20,24; 5 Мојс 12,5И Бог, Чие име престојува таму, да го собори секој цар и народ што ќе протегне рака да го измени ова за штета на тој дом Божји во Ерусалим. Јас, Дариј, го издадов овој указ, нека биде точно спроведен!“ 13Тогаш Татенај, управителот на задречната област, Ситар-Бознај и нивните соработници, постапуваа точно онака, како што заповеда царот Дариј.
Осветување на повторно изградениот храм
14 #
5,1
И јудејските старешини градеа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија, синот на Идо. Изградија и завршија според волјата на Бог Израелов и според волјата на Кир, Дариј и Артаксеркс, цареви персиски. 15Завршен беше овој дом на третиот ден од месец адар, во шестата година од царувањето на царот Дариј. 16#1 Цар 8,62-66; 2 Лет; 7,1-10И синовите Израелови, свештениците, левитите и другите, што се беа вратиле од пленство, со радост го извршија осветувањето на тој Божји дом. 17#2 Сам 6,13; 1 Цар 8,63; 2 Лет 29,21И принесоа при осветувањето на тој Божји дом: сто вола, двесте овни, четиристотини јагниња и дванаесет јарци како жртва за грев за целиот Израел, според бројот на племињата Израелови. 18#4 Мојс 3,6-9; 8,9-11; 1 Лет 24,1; 2 Лет 35,4; Лк 1,5И поставија свештеници според чиновите нивни и левити според родовите нивни за Божја служба во Ерусалим, како што беше заповедано во книгата Мојсеева.
Јудејците го прославуваат празникот Пасха
19 #
2 Мојс 12,1-14
Потоа вратените од пленство прославија Пасха во четиринаесеттиот ден на првиот месец, 20#2 Лет 30,17зашто свештениците и левитите се беа очистиле, – тие сите до еден беа чисти; и заклаа пасхални јагниња за сите вратени од пленство, за своите браќа свештеници и за себеси. 21#9,1; 5 Мојс 18,9; Ез 36,25; Пс 14,2; Неем 9,2И јадеа синовите Израелови што се беа вратиле од пленство, и сите што се беа откажале од нечистотијата на народите на земјата за да Му се поклонат на Господ, Бог Израелов. 22#1,1; 2 Мојс 12,17А го празнуваа со радост и празникот Бесквасници седум дена, зашто Господ ги зарадува и го сврте кон нив срцето на асирскиот цар за да ги поткрепи рацете нивни при градењето на домот на Господ, Бог Израелов.
Currently Selected:
Ездра 6: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006