YouVersion Logo
Search Icon

Ездра 4

4
Противставување на непријателите на Јудејците
1Непријателите Јудини и Венијаминови слушнаа дека вратените од пленството градат храм на Господ, Бог Израелов; 2#2 Цар 17,24.41и дојдоа кај Зоровавел и кај погла­варите на родовите и им рекоа: „Да градиме и ние со вас, зашто и ние како вас Му се поклонуваме на вашиот Бог, и Нему Му принесуваме жртви од дните на Есар-Хадон, аси­рскиот цар, кој нѐ пресели овде.“ 3#1,1-4Зоровавел, Јешуа и другите кнезови на родовите израелски им одговорија: „Не може да градите заедно со нас дом на нашиот Бог; ние сами ќе градиме дом на Господ, Бог Израелов, како што ни заповеда Кир, царот персиски.“ 4#3,3Тогаш народот на онаа земја, почна да му ги ослабува рацете на јудејскиот народ и да му пречи во градењето; 5и поткупуваа советници против нив за да ја расипуваат намерата нивна во текот на сето време од владеењето на Кир, царот персиски, до царувањето на Дариј, цар персиски.
Јудејците обвинети кај царот Артаксеркс
6 # Ест 1,1 А кога царуваше Ксеркс, на поче­токот од неговото царување, напишаа обвинение против жителите на Јудеја и на Ерусалим. 7#7,1; 2 Цар 18,26; Ис 36,11; Дан 1,4; 2,4; Неем 2,1Исто така во дните на Артаксеркс пишуваа и Бишлам и Митредат, и Та­вел и други нивни другари до Артак­серкс, царот персиски. Писмо­то беше напишано со арамејско писмо и на ара­мејски јазик. 8Рехум, царскиот помошник и Шим­шај, секретарот, напишаа вакво писмо против Ерусалим до царот Артаксеркс: 9#1 Мојс 10,10; Ест 1,2; Дан 8,2; Неем 1,1Од Рехум, царскиот помошник, Шимшај – писар и останатите нивни соработници; жителите од Дин, Афа­рсатах, Тарпел, Афарес, Ерех, Вавилон, Суза, Деха, Елам, 10#2 Цар 17,24и останатите народи што ги пресели големиот и славниот Оснапар и ги насели во градовите на Самарија и во другите градови на самарјанската об­ласт од онаа страна на Реката. 11Еве препис од писмото што му го испратија нему: „До царот Артак­серкс, твоите слуги, луѓето што живеат од онаа страна на Реката ти праќаат поздрав. 12#5,3.9Да знаеш, царе, дека Јудејците што излегоа од тебе и дојдоа кај нас во Ерусалим, тој бунтовен и лош град, прават ѕидови, чии темели веќе ги поправија. 13#7,24; Неем 5,4Но да знаеш, царе, дека ако тој град биде изграден и ѕидиштата негови обно­вени, тие нема да плаќаат ни данок, ни летнина, ни царина, и царската ризница ќе има загуба. 14А бидејќи јадеме леб од царскиот дворец, и не можеме да ја гледаме таа загуба за царот, затоа испраќаме известување до царот. 15#5,17; 6,1; Ест 8,3Нека се побара во книгата на лето­писите на твоите предци, и ќе се најде во таа летописна книга и ќе се дознае дека овој град е град одметник и пако­сен за царевите и областите и дека во него настанувале бунтови во старо време, поради што овој град бил опустошен. 16Затоа му соопштуваме на царот дека, ако овој град биде изграден и ѕидиштата негови поправени, нема да имаш власт од онаа страна на Реката.“
Одговор од царот Артаксеркс
17Царот му испрати одговор: „До Ре­хум, царскиот помошник, и до Шимшај, писарот, и до другите нивни соработници што живеат во Самарија и во дру­гите градови од онаа страна на Реката, поздрави. 18Писмото што ми го испративте, ми беше јасно прочитано. 19#2 Цар 18,7; 24,1.20Затоа јас наредив да се побара, и пронајдоа дека овој град уште од старо време се бунтувал против царевите, и во него имало одметнувања и немири. 20Во Ерусалим имало силни цареви, кои владееле во целата задречна област и кои земале данок, летнина и царина. 21#Неем 1,3И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас. 22Бидете внимателни за да не ис­пуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?“ 23Штом писмото на царот Арта­ксеркс беше прочитано пред Рехум и Шимшај, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим кај Јудејците и насилно им ја забранија работата. 24#Агеј 1,1; Зах 1,1Тогаш сопреа работите околу Божјиот храм во Ерусалим, сѐ до втората година од царувањето на персискиот цар Дариј.

Currently Selected:

Ездра 4: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in