YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 41

41
Опис на внатрешноста на храмот
1Потоа ме воведе во храмот и ги измери столбовите: по шест лак­ти широки од едната страна и по шест лакти широки од другата страна, колку што беше широка скинијата. 2Вратите беа широки по десет лакти, а страните на вратите по пет лакти од едната и по пет лакти од другата стра­на, а должината на храмот четириесет лакти, додека широчината му беше дванаесет лакти. 3И влезе внатре, па ги измери столбовите покрај вратите – по два лакта, и вратите – по шест лакти, додека широ­чината на вратата е седум лакти. 4Го измери храмот – дваесет лакти надолж и дваесет лакти широк, па ми рече – тоа е Светињата над светињите.
Странични соби
5 # 1 Цар 6,5 Го измери ѕидот на храмот – шест лакти, а широчината на собите околу храмот – по четири лакти. 6Странични соби имаше триесет и три, соба под соба: тие се наоѓаа во ѕи­дот, што беше околу храмот што беше врска со него, но не се допираа до ѕидо­вите на самиот храм. 7#1 Цар 6,6И храмот сѐ повеќе се ширеше нао­колу над станичните соби, зашто кругот негов се издигаше сѐ погоре и погоре наоколу, па затоа храмот беше многу поширок горе, зашто искачувањето од долниот кат сѐ до горниот, минуваше преку средниот. 8И го видов врвот на храмот наоколу; неговите странични соби во својата ос­нова имаа мерка – една трска; шест полни лакти. 9Ширината на ѕидот од страничните соби, што се издаваа надвор – пет лакти, а по страничните соби на храмот постоеше слободен простор. 10И меѓу собите имаше растојание – по дваесет лакти околу целиот храм. 11Вратите на страничните соби водеа во слободниот простор, една врата кон северната страна, а другата врата кон јужната страна; широчината на тој слободен простор беше пет лакти наоколу.
Западната страна
12Зградата пред плоштадот од западната страна беше широка седумдесет лакти; ѕидот на таа зграда пет лакти широк наоколу, а долг беше деветнаесет лакти.
Димензиите на храмот
13Го измери тој храмот – сто лакти должина, а плоштадот и одделенијата и страните нивни, исто така со должина од сто лакти. 14И ширината на храмот откај предната страна на плоштадот кон исток – пак сто лакти. 15#1 Цар 6,15-18Потоа ја измери должината на зградата пред плоштадот од задната страна со страничните одделенија од едната и од другата страна – по сто лакти, од внатрешноста на храмот и тремовите на дворот.
Детален опис на храмот
16Праговите, прозорците решетчести и страничните соби наоколу, на сите три ката спроти праговите беа обложе­ни со дрво од подот до прозорците; прозорците беа затворени. 17Од горниот дел на вратата како од­внатре на храмот така и однадвор и по целиот ѕид наоколу, одвнатре и однадвор, имаше фигури резбарени; 18#1 Цар 6,29беа направени херувими и палми: палма меѓу двата херувима и кај секој херувим – по две лица. 19#1,10Од едната страна кон палмата има­ше свртено човечко лице, а од другата страна кон палмата – лице лавовско: така беше направено по целиот храм наоколу. 20Од подот до врвот на вратата имаше направено херувими и палми, а исто и по ѕидовите на храмот. 21Во храмот имаше четириаголни до­вратници, а и на светилиштето исто така довратници слични какви што сум видел.
Дрвениот жртвеник
22 # 2 Мојс 30,1 Жртвеникот беше дрвен – три лакти висок и два лакти долг; и аглите негови и подножјата негови и страните негови беа од дрво; па ми рече тој – тоа е трпезата што е пред Господ.
Вратите
23Во храмот и во светилиштето има­ше по две врати. 24Вратите имаа по две крила; и двете крила беа подвижни – по две крила кај едната врата и по две крила кај другата врата; 25на тие врати беа направени херувими и палми, исто така изработени какви што беа по ѕидовите; а пред тремот однадвор имаше дрвен под. 26А решетчести прозорци и палми имаше од едната страна и од другата страна по страните на тремот и на околните храмови соби, а и по гредите.

Currently Selected:

Езекиел 41: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in