YouVersion Logo
Search Icon

Езекиел 42

42
Споредни згради на храмот
1И ме изведе од надворешниот двор по северниот пат и ме доведе кај собите, што беа кон рамнината и кон зградата од север, 2до она место, кое кај северната врата е долго сто лакти, а широко педесет лак­ти. 3Кон дваесетте лакти на внатреш­ниот двор и спроти плочникот, што е откај надворешниот двор, трем спроти трем на три ката. 4А пред собите имаше ходник – десет лакти широк, а внатре по еден лакот; вратите негови беа свртени кон север. 5Горните соби беа потесни, зашто тремовите одземаа од нив спротивно на долните соби од зградата, кои беа поши­роки. 6Собите беа на три ката, а немаше такви столбови какви што имаше во дворовите, затоа тие и се направени по­тесни, спротивно на долните и средните соби, почнувајќи од подот. 7А надворешниот ѕид спрема тие со­би од надворешниот двор, кој ја поврзува предната страна на собите, е долг педесет лакти; 8зашто и собите на надворешниот двор имаат должина само педесет лак­ти, и така пред храмот – сто лакти. 9А долу имаше ходник кон тие соби од источната страна, кога се доаѓа кај нив од надворешниот двор. 10По ширината на ѕидот до дворот кон исток пред плоштадот и пред зградата имаше соби. 11А ходникот пред нив беше исто таков како и пред оние соби што се свр­тени кон север, со иста таква должина како и кај нив, и исто таква ширина; и сите излези нивни и изработката нивна и вратите нивни беа исто такви како и кај другите. 12Имаше исти врати какви што беа и кај собите од јужната страна; и за влез во нив имаше врати кај патеката, која водеше надолж по источниот ѕид. 13#3 Мојс 2,3-10; Мт 24,15И ми рече тој: северните соби и јужните соби, што се наоѓаат пред плоштадот, се свети соби, во кои свеш­тениците, што Му се приближуваат на Господ, ги јадат најсветите жртви; само таму ги ставаат најсветите жртви и лебниот принос, жртвите за грев и жртвите за престап, зашто тоа е свето место. 14Кога влегуваат таму свештениците, тие не треба да излезат од тоа свето место во надворешниот двор, сѐ додека таму не ги остават своите облеки, со кои служеле, зашто тие се свештени облеки; треба да облечат други облеки, и тогаш да излезат пред народот.
Димензии на плацот за храмот
15Кога го заврши тој мерењето на внатрешниот храм, ме изведе пред вра­тите, свртени кон исток, и почна да мери наоколу. 16Ја измери источната страна со мерната трска, измери со неа – петстотини трски; 17На северната страна со истата мерна трска измери вкупно петстотини трски. 18На јужната страна со мерната трска измери исто така петстотини трски. 19И кога се заврте спрема западната страна со мерната трска, измери исто така петстотини трски. 20Од сите четири страни тој го измери; околу него имаше ѕид долг петстотини трски и петстотини трски широк, за да го одделува светото место од несветото.

Currently Selected:

Езекиел 42: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in