Езекиел 40
40
Видение за идниот храм
1 #
1 Цар 6–7
#
1,3
Во дваесет и петтата година по нашето прогонство, во почетокот на годината во десеттиот ден од месецот, во четиринаесеттата година по разурнувањето на градот, во овој ист ден беше раката Господова врз Мене и Тој ме поведе таму. 2#8,3; 17,23; Мт 4,8; 17,1; Откр 21,10Во виденијата Божји ме поведе Тој во земјата израелска и ме постави на многу висока планина, и на неа откај југ се гледаше нешто како изграден град. 3#Зах 2,5; Откр 11,1; 21,15Ме поведе таму, и, ете, еден маж, кој изгледаше како светол бакар, а во неговата рака ленено јаже и трска за мерење, и тој стоеше пред портите. 4И ми рече тој маж: „Сине човечки, гледај со очите и слушај со ушите и сето ова земи го при срце, ова што ќе ти го покажам, бидејќи ти поради тоа и си доведен овде, за да ти го покажам тоа; за сѐ што ќе видиш, извести го домот Израелов.“
Источната порта
5 #
Откр 21,15-17
И ете, имаше ѕид околу храмот, а во раката на тој човек трска за мерење од шест лакти, а лакот беше по лакот и дланка, и го измери тој храмот, една трска широчина и една трска височина. 6Потоа отиде кај портите, кои беа поставени кон исток, се искачи по стапалата нивни и измери дека едниот праг од портата беше една трска широчина, а другиот праг пак една трска височина. 7И секоја околна соба беше по една трска долга и по една трска широка, а меѓу собите имаше пет лакти и прагот на портите во тремот зад портите беше пак една трска. 8Го измери тој тремот зад портите – пак една трска. 9А тремот пред портите – осум лакти, и столбовите два лакта. Тој трем пред портите беше отстрана на храмот. 10Собите од источната страна кај вратите беа три од едната страна и три од другата страна; една мерка имаа сите три и една мерка имаа столбовите од едната и од другата страна. 11Ги измери тој отворите на вратите – тие беа по десет лакти широки, а должината нивна – тринаесет лакти. 12Пред собите имаше од едната и од другата страна ограда од по еден лакот. Тие соби од едната страна имаа шест лакти и од другата страна – шест лакти. 13Потоа ги измери тој вратите од стреата на едната соба до стреата на другата соба – дваесет и пет лакти широчина: врата спроти врата. 14А и столбовите ги измери тој: шеесет лакти, секој столб околу дворот и при вратите. 15И од предната страна на влезот во вратите до предната страна на внатрешната врата – педесет лакти. 16Решетчести прозорци имаше и во околните соби и кај столбовите нивни однатре кај вратите наоколу; исто така и во тремовите наоколу имаше прозорци од внатрешната страна, а на столбовите – палми.
Надворешниот двор
17И ме одведе тој во надворешниот двор, и, ете, таму – соби, имаше направен под од плочи околу дворот. Триесет соби имаше на тој плочник. 18И тој плочник беше откај страните на вратите, според должината на вратите, малку понизок. 19#46,1И го измери тој по ширината од долните врати до надворешниот крај на внатрешноста во дворот: сто лакти – кон исток и кон север.
Северната порта
20Ја измери исто така должината и ширината на вратите од надворешниот двор, свртени кон север; 21и при нив околните соби, три од едната страна и три од другата; и столбовите нивни и продолженијата нивни имаа иста мерка како и првите врати – долги по педесет лакти, а широки по дваесет и пет лакти. 22И прозорците нивни и продолженијата нивни и палмите нивни имаа иста мерка, како и вратите, свртени кон исток; а се влегуваше во нив по седум степеника и пред нив имаше уште и продолженија. 23И во внатрешниот двор, вратата спроти северните и источните врати; и ја измери тој должината од врата до врата – сто лакти.
Јужната порта
24И ме поведе кон југ, а таму имаше јужна врата; и ги измери тој столбовите и продолженијата – имаа иста мерка. 25И прозорците во нив и во тремот им беа исто такви како оние прозорци: долги педесет лакти, а широки дваесет и пет лакти. 26Влезот до нив – седум степеника, и тремови имаше пред нив; и украси од палма на столбовите – еден од едната страна и друг од другата страна. 27И во внатрешниот двор имаше јужна врата; ја измери тој должината од врата до врата јужно – сто лакти.
Внатрешниот двор и јужната порта
28И ме поведе тој преку јужната врата во внатрешниот двор; ја измери јужната врата – иста мерка. 29И собите околни и столбовите нивни и тремовите нивни – иста мерка, а имаше и прозорци во нив и во тремовите нивни наоколу; сѐ во должина педесет лакти, а широчина – дваесет и пет лакти. 30Тремови имаше наоколу, со должина од дваесет и пет лакти и ширина од пет лакти. 31Тремовите беа откај надворешниот двор, а палми имаше на столбовите нивни при искачувањето кон нив – осум стапки.
Внатрешниот двор и источната порта
32Ме поведе тој преку источната врата во внатрешниот двор и мерката на таа врата беше со иста мерка. 33И собите отстрана, столбовите нивни и тремовите нивни имаа иста мерка; а и прозорци имаше кај нив и во тремовите нивни наоколу; должина – педесет лакти, а ширина дваесет и пет лакти. 34Тремовите нивни беа откај надворешниот двор, а на столбовите нивни имаше палми од едната и од другата страна; искачувањето кон нив – осум степеника.
Внатрешниот двор и северната порта
35 #
44,4
Потоа ме одведе пред северната врата, ја измери и таа имаше иста мерка. 36Нејзините соби од страна, столбовите нејзини, тремовите нејзини и прозорците во нив, беа наоколу; сето тоа имаше должина педесет лакти и ширина – дваесет и пет лакти. 37Тремовите беа откај надворешниот двор, а на столбовите нивни имаше палми – една од едната страна и друга од другата страна; искачувањето кон нив – осум степеника.
Градбите до северната порта
38 #
3 Мојс 1,9
Имаше исто така соба со влез во неа при столбовите на вратата, таму се миеја жртвите за сепаленици. 39А во тремот пред вратите беа поставени две маси од едната страна и две од другата страна, за да се колат на нив жртвите за сепаленици и жртвите за грев и жртвите за престап. 40И однадвор, откај вратата при влезот, во отворот на северната врата, имаше две маси, и од другата страна до тремот покрај вратата имаше две маси. 41Четири маси од едната страна и четири маси од другата страна, откај страната на вратите; вкупно осум маси, на кои се колат жртвите. 42А имаше и четири маси за приготвување на сепалениците – од делкан камен, долги по еден ипол лакот и широки по еден ипол лакот, а високи еден лакот; врз нив се оставаат ножеви за колење на жртвите за сепаленици и на други жртви. 43И куки големи колку една дланка имаше закачени на ѕидовите од зградата наоколу, а на масите го ставаа жртвеното месо. 44Однадвор, кај внатрешната врата, имаше соби за пејачите; во внатрешниот двор откај северната врата, една свртена со лицето кон југ, а другата странична јужна врата, свртена со лицето кон север. 45И ми рече тој: оваа соба, што е свртена со лицето кон југ, е за свештениците што ќе бдеат на стража во храмот. 46#1 Цар 2,35А собата што е свртена со лицето кон север – за свештениците, што ќе бдеат на стража кај жртвеникот: тоа се синовите на Садок, кои единствени од синовите Левиеви можат да се приближуваат до Господ за да Му служат.
Внатрешниот двор и зградата на храмот
47Го измери тој дворот: сто лакти долг и сто лакти широк, четириаголен, а пред храмот беше жртвеникот. 48И ме поведе во тремот на храмот, па ги измери столбовите на тремот: по пет лакти од едната страна и пет лакти од другата страна; вратите, пак, беа по три лакти широки, од едната страна и по три лакти од другата. 49Тремот беше долг дваесет лакти и широк единаесет, и искачувањето кон него десет степеника; имаше и потпори кај столбовите: една од едната страна и друга од другата страна.
Currently Selected:
Езекиел 40: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006