2 Царевите 13
13
Јоахаз, цар на Израел
1Во дваесет и третата година од владеењето на Јоас, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израел во Самарија, Јехуевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години. 2Тој го правеше она што беше немило пред очите на Господ и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел, и не отстапуваше од нив. 3#8,12И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој го предаде во раката на арамејскиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Венадад, за сето она време. 4Јоахаз се помоли пред лицето на Господ, и Господ го слушна, зашто ја виде неволјата на Израелците, како ги притеснуваше арамејскиот цар. 5И Господ им даде на Израелците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Арамејците, и живееја синовите Израелови во шаторите свои, како порано. 6Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел; сѐ уште одеа по нив, а и столбот на Ашера стоеше во Самарија. 7На Јоахаз му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто царот на Арам ги беше уништил и ги згази како прав што се тапка. 8Другото за Јоахаз и за сѐ што тој го извршил, и за неговите јуначки подвизи, е опишано во летописите на израелските цареви. 9И почина Јоахаз кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово место се зацари неговиот син Јоас.
Јоас, цар на Израел
10Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израел во Самарија во триесет и седмата година од владеењето на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години. 11И тој го правеше она што не беше добро пред очите на Господ; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел на грев Израел, туку одеше по нив. 12Другото за Јоас и за сѐ она што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израелските цареви. 13И почина Јоас кај своите предци, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, кај израелските цареви.
Елисеј претскажува победа над Арамејците
14 #
1 Мојс 45,14; 46,29; 50,1 Елисеј се разболе од болест, од која подоцна и умре. Дојде кај него израелскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: „Татко мој, татко мој, бојна коло Израелова и негова коњицо!“ 15#13,18-19; 1 Цар 11,31И му рече Елисеј: „Земи лак и стрели!“ И тој зеде лак и стрели. 16Тогаш му рече: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката. Тогаш Елисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот 17и рече: „Отвори го прозорецот кон исток!“ И тој го отвори. А Елисеј рече: „Стрелај!“ И тој стрелаше. Потоа Елисеј рече: „Таа стрела за спасение е од Господ, таа е спасителната срела против Арам, и ти ќе ги поразиш и уништиш Арамејците во Афек.“ 18И продолжи Елисеј и рече: „Земи стрели!“ И тој зеде. Пак му рече на израелскиот цар: „Удри во земјата!“ И тој удри трипати и запре. 19И му се разгневи Божјиот човек и рече: „Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеше докрај Арамејците, а сега ќе ги поразиш Арамејците само трипати.“ 20Елисеј умре и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата. 21И ете, додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи на нозете свои.
Победата над Арамејците
22 #
8,12
Царот на Арам Азаил ги мачеше Израелците во сите денови на Јоахаз. 23#5 Мојс 1,8; 6,10; 9,5.27; 29,12; 34,4; 1 Цар 18,36Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврте кон нив поради заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес. 24Царот на Арам Азаил умре, и наместо него стана цар неговиот син Венадад. 25Јоахазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Венадад градовите што тој ги беше презел со војна од рацете на татко му Јоахаз. Трипати го разби Јоас, и ги врати израелските градови.
Currently Selected:
2 Царевите 13: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006