2 Царевите 12
12
Јоас, цар на Јудеја
(2 Лет 24,1-3)
1Јоас беше на седум години, кога стана цар. 2Тој стана цар во седмата година од владеењето на Јуј и царуваше во Ерусалим четириесет години. Мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија. 3А Јоас го правеше она што беше правилно пред очите на Господ во сите денови додека го поучуваше свештеникот Јодај; 4#14,4; 15,4.35; 1 Цар 22,44само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. 5#2 Мојс 30,11-16; 3 Мојс 27,2-8Јоас им кажа на свештениците: „Сите пари од посветените дарови што се донесуваат во домот Господов, парите кои некому му се наметнати со процена, и парите што некои по сопствена волја ги принесуваат во домот Господов;“
Јоас се завзема за обновување на храмот
(2 Лет 24,4-14)
6 #
22,3-7
„Свештениците нека ги приберат, секој од својот познат, и со нив нека го поправат расипаното во храмот, насекаде, каде што ќе се најде оштетено.“ 7Но бидејќи до дваесет и третата година на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот, 8царот Јоас го повика тогаш свештеникот Јодај и свештениците и им рече: „Зошто не ги поправате расипаните работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате пари од своите познати, туку ќе ги оставате за поправка на храмот.“ 9И свештениците се согласија да не прибираат веќе кај себе пари од народот за поправки во храмот. 10Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците што стоеја на стража кај вратата, ги пуштаа таму сите пари што се внесуваа во домот Господов. 11И кога ќе видеа дека има многу пари во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и ги врзуваа во торби и ги пребројуваа парите што се наоѓаа во домот Господов, 12а преброените пари ги предаваа во рацете на определените за надзорници на домот Господов, и тие им плаќаа на дрводелците што работеа во домот Господов, 13и на ѕидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Господов, и за сѐ што се трошеше за одржување на храмот. 14Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби – никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од парите што се внесуваа во домот Господов, 15туку ги предаваа на надзорниците и тие го поправаа со нив домот Господов. 16#22,7И не бараа сметка од оние, на кои им ги доверуваа парите за плаќање на работниците, зашто тие постапуваа чесно. 17Парите од жртвите за вина и парите од жртвите за грев не се внесуваа во домот Господов: тоа беше за свештениците. 18#8,12Тогаш царот на Арам Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.
Крај на Јоасовото владеење
(2 Лет 24,23-27)
19 #
16,8; 18,15; 1 Цар 15,18-19 Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано што го беа жртвувале на храмот неговите предци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозија, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на арамејскиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим. 20Другото за Јоас и за сѐ што тој извршил, е опишано во летописите на јудејските цареви. 21И се побунија слугите негови, направија заговор и го убија Јоас во Бет-Мило, на патот за Сила. 22Го убија слугите негови: Јозавад, синот на Шимат, и Јехозавад, синот на Шомер, и тој умре, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место стана цар неговиот син Амасија.
Currently Selected:
2 Царевите 12: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006