2 Царевите 14
14
Амасија, цар на Јудеја
(2 Лет 25,1-4.11-12.17-28; 26,1-2)
1Во втората година од владеењето на Јоас, синот на израелскиот цар Јоахаз, стана цар Амасија, син на јудејскиот цар Јоас: 2тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадана, од Ерусалим. 3И го правеше тој она што беше правилно пред очите на Господ, но не така, како неговиот предок Давид; тој во сѐ постапуваше како својот татко Јоас. 4Само идолските светилишта не беа урнати: народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. 5Кога се зацврсти царството во рацете негови, тој ги уби слугите свои што беа го убиле царот, неговиот татко. 6#Ер 31,29-30; Ез 14,12-20; 18; 33,10-20Но децата на убијците не ги уби, зашто е напишано во книгата на Мојсеевиот закон, каде Господ заповеда, велејќи: „Татковците да не бидат казнувани со смрт заради децата, и децата не треба да бидат казнувани со смрт заради татковците, туку секој треба да се казнува со смрт за својот престап.“ 7Тој порази десет илјади Едомци во Солената Долина, и го зеде градот Сала со војна, и му даде име Јоктеел, кое си остана и до денес. 8Тогаш Амасија испрати пратеници до Јоас, израелскиот цар, син на Јоахаз, Јехуевиот син, да кажат: „Излези да се видиме лице в лице!“ 9Тогаш израелскиот цар Јоас испрати до Амасија, јудејскиот цар, да кажат: „Трнот леванонски испратил кај кедарот леванонски да кажат: ‚дај ја ќерката своја за жена на синот мој. Но минале диви леванонски ѕверови и го изгазиле тој трн.‘ 10Ти ги порази Едомците, и срцето твое се возгордеа. Биди задоволен со својата слава и остани во домот свој. Што ти треба да предизвикуваш расправија за зло? Ќе паднеш ти и Јудеја со тебе.“ 11Но Амасија не послуша. Тогаш Јоас, царот израелски, излезе, и се видоа лице в лице, тој и Амасија, царот јудејски, во Ветсамис што е во Јудеја. 12Јудејците беа разбиени од Израелците, и се разбегаа по шаторите свои. 13Израелскиот цар Јоас го фати во Ветсамис јудејскиот цар Амасија, синот на Јоас, Ахазиевиот син, дојде во Ерусалим и урна четиристотини лакти од ерусалимскиот ѕид – од Ефремовата Порта до Аголната Порта. 14#25,14-15; 1 Цар 14,26И го зеде сето злато и сребро и сите садови, какви што се најдоа во домот Господов и во сокровиштата на царскиот дом, и заложниците, и се врати во Самарија. 15Другите дела на Јоас што тој ги изврши, и за неговите јуначки подвизи, и како тој војуваше против јудејскиот цар Амасија, се опишани во летописите на израелските цареви. 16И почина Јоас кај своите предци, и беше погребан во Самарија, покрај израелските цареви. Место него стана цар неговиот син Јеровоам. 17Амасија, синот на Јоас, јудејскиот цар, живееше петнаесет години по смртта на Јоахазовиот син Јоас, израелскиот цар. 18Другите дела на Амасија се запишани во летописите на јудејските цареви. 19И направија заговор против него во Ерусалим, и тој избега во Лакиш. Испратија по него во Лакиш, и таму го убија. 20Го донесоа на коњи, и го погребаа во Ерусалим кај неговите предци, во Давидовиот град. 21Сиот народ јудејски го зеде Азарија, кој беше на шеснаесет години, и го поставија за цар место неговиот татко Амасија. 22Тој повторно го изгради Елат и му го врати на Јудеја, откако царот, татко му, почина кај своите предци.
Јеровоам, цар на Израел
23Израелскиот цар Јеровоам, синот на Јоас, стана цар во Самарија во петнаесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Амасија, Јоасовиот син, и царуваше четириесет и една година. 24И го правеше она што не беше добро пред очите на Господ: не отстапуваше од ниеден грев на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел. 25Тој ги установи границите на Израел од Емат до Мртвото Море, според словото на Господ, Бог Израелов што Тој го беше изрекол преку слугата Свој Јона, синот на Амитај, пророк од Гат-Хефер, 26зашто Господ ја виде неволјата на Израел, толку горчлива, зашто немаше ни робови, ни слободни што би му помогнале на Израел. 27#5 Мојс 7,24; 9,14; 25,19; 29,19И не сакаше Господ да го искорени името на Израелците под небото, па ги спаси преку раката на Јоасовиот син Јеровоам. 28#2 Сам 8,5-10Другото за Јеровоам и за сѐ што извршил, и за неговите јуначки подвизи, како војувал и како му ги вратил на Израел Дамаск и Хамат, што ѝ припаѓаа на Јудеја, е опишано во летописите на израелските цареви. 29И почина Јеровоам, кај своите предци, кај израелските цареви. А на негово место стана цар синот негов Захарија.
Currently Selected:
2 Царевите 14: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006