YouVersion Logo
Search Icon

1 Летописи 9

9
Жителите на Ерусалим и Гаваон
1 # 5,25; 2 Лет 1,2; 5,3 Така беа пребројани според родовите свои сите Израелци, и, ете, тие се запишани во книгите на израелските цареви. А Јудејците, за­ради беззаконијата свои, беа преселени во прогонство во Вавилон. 2#Неем; 11,3-19#Езд 2,43.70; Неем 7,60Првите жители, што живееја во своите владенија, по израелските гра­дови, беа Израелци, свештеници, левити и служители во храмот. 3Во Ерусалим живееја некои од Јуди­ните синови и од синовите Венијамино­ви, како и од синовите Ефремови и Манасиеви: 4#1 Мојс 38,29; 46,12Утај, син Амихудов, син на Амвриј, син на Имриј, син на Ваниј, – од сино­вите на Фарес, Јудиниот син; 5од синовите Шилонови – Асаја, првороден, и синовите негови; 6од синовите на Зерах – Јеуел и бра­ќата нивни, – шестотини и деве­десет; 7од синовите Венијаминови – Салу, син на Мешулам, син на Ходавија, син Хасенуин; 8Ивнеја, син Јерохамов, Ила, син на Озиј, син Мокриев; Мешулам, син на Сафатија, син на Рагуил, син на Ивнија, 9и браќата нивни според родовите нивни: деветстотини педесет и шест, – сите тие мажи беа началници на ро­довите во поколенијата свои.
Свештениците во Ерусалим
10А од свештениците: Једаја, Јојарив, Јахин, 11Азарија, син на Хелкија, син на Ме­шулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитувов, кој беше началник на Божјиот дом; 12#Ер 21,1; 38,1; Езд 2,38Адаја, син на Јерохама, син на Па­шхур, син Мелхиев; Масај, син Адие­лов, син Јехзеров, син на Мешу­лам, син на Мешилемит, син Имеров, 13и браќата нивни, началници на ро­довите свои: илјада седумстотини и шеесет, – мажи истакнати во служба­та своја во Божјиот дом.
Левитите во Ерусалим
14А од левитите: Шемај, Хашувов син, син на Азрикам, син Хашавиев, – од синовите Мерариеви; 15#Неем 11,22; 2 Лет 20,14Бакбакар, Хереш, Галал и Мата­нија, син на Миха, син на Зихриј, син Асафов; 16#Неем 12,28Авдија, син Шемаев, син на Галал, син на Једутун, и Варахија, син на Аса, син на Елкана, кој живееше во Нето­фатските села.
Чуварите на ерусалимскиот храм
17 # 26,1; Езд 2,42; Неем 7,45; 2 Лет 8,14 А вратари: Селум, Акув, Талмон, Ахиман и браќата нивни; Селум беше главен. 18#Ез 43,1; 46,1; 2 Лет 26,14Тие се и до денес вратари кај цар­ската порта кон исток и ја одр­жуваат стражата на синовите Левиеви. 19#Ер 35,4Селум, син Кореов, син на Евија­саф, син на Кореј, и браќата негови од неговиот род, – Кореовци, по службата беа стражари кај праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом. 20#4 Мојс 25,11Финес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него. 21#26,2.14Захарија, син Мешелемов, беше вратар кај вратата во скинијата на собранието. 22#1 Сам 9,9Сите тие, избрани за вратари кај праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивни­те села. Нив ги поставија Давид и Само­ил јасновидецот заради верноста нивна. 23Тие и синовите нивни чуваа стража кај вратата на домот Господов, кај до­мот на скинијата. 24Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната. 25А браќата нивни живееја во свои­те села и доаѓаа одвреме – навреме кај нив за седум дена. 26#26,22Зашто четворицата главни вра­тари, левити, исто така беа поставени над одаите и ризниците на Божјиот дом. 27#4 Мојс 3,38; Ис 22,22Тие престојуваа и ноќе околу Бож­јиот дом, бидејќи ним им беше нало­жено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.
Други левити
28Некои од нив беа поставени кај садовите за богослужба, кои ги примаа со број и даваа со број. 29#23,29; 4 Мојс 3,28На други од нив им беа доверени другите садови и сите посветени нешта: најчисто брашно, вино, масло, темјан и мирисите. 30#2 Мојс 30,25А некои од синовите на свештени­ците подготвуваа миро од разни мириз­ливи материи. 31А на левитот Матитија, првороден на Кореовецот Селум, му беше до­верено она што се подготвува во тавче. 32#23,29; 3 Мојс 24,5-8; 2 Лет 13,11На некои од браќата нивни, од си­новите Каатови, им беше доверено да ги приготвуваат лебовите што се принесуваат секоја сабота. 33#Пс 134,1; 2 Лет 5,12А пејачите, главните во левитските поколенија, во собите на хра­мот беа ос­лободени од работа, бидејќи беа должни да се занимаваат дење и ноќе со својата служба. 34#8,28-38Тоа се началниците на татковите домови на левитите, според нивните поколенија. Тие живееја во Ерусалим.
Претците и потомците на царот Саул
35Во Гаваон живееја: Јеиел, татко на Гаваонците, – жена му се викаше Мааха, – 36и првородениот син негов Авдон; по него: Цур, Кис, Ваал, Нир, Надав, 37Гедор, Ахјо, Захарија и Миклот. 38Миклот го роди Шимам. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со нив. 39#1 Сам 9,1; 13,22Нир го роди Кис, Кис го роди Саул, Саул го роди Јонатан, Мелхи­суј, Ави­надав и Ешбаал. 40Јонатанов син беше Мерив-Ваал; Мерив-Ваал го роди Миха. 41Синови на Миха: Питон, Мелех, Тахреа и Ахаз. 42Ахаз го роди Јара; Јара го роди Алемет, Азмавет и Замвриј, Замвриј го роди Моца. 43Моца го роди Бина; Рефаја беше негов син; Елеаса, негов син, Ацел, негов син. 44Ацел имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Азрикам, Бохру, Исмаил, Шеарија, Авдија и Ханан. Тоа се синовите Ацелови.

Currently Selected:

1 Летописи 9: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in