1 Летописи 8
8
Потомци Венијаминови
1 #
1 Мојс 46,21; 4 Мојс 26,38-41 Венијамин го роди Бела, својот првороден син, Ашбел – втор, Ахрав – трет, 2Ноха – четврти и Рафа – петти. 3Синови на Бела беа: Адар, Гера, Аод, 4Авишуа, Нааман, Ахоах, 5Гера, Шефуфан и Хурам. 6Еве ги синовите Аодови, кои беа началници на родовите, што живееја во Гева и беа преселени во Манахат: 7Нааман, Ахија и Гера, кој ги пресели; тој го роди Оза и Ахихуд, 8Шахараим роди деца во моавската земја, откако ги напушти жените свои Хушима и Баара. 9Тој ги роди од својата жена Ходеша: Јовав, Цивија, Меша, Малкам, 10Јеуц, Сахеја и Мирма; тоа се негови синови, глави на семејства. 11Од Хушима тој ги роди Авитув и Елпаал. 12#Езд 2,33; Неем 6,2; 7,37; 11,35Синови Елпаалови: Евер, Мишам, Шемер, – кој ги изгради Оно, Лод и нему потчинетите градови, – 13#Ис.Н. 10,12; 11,22Берија и Шема, тие беа началници на ајалонските жители. Тие ги изгонија жителите на Гет. 14Ахио, Шашак, Јеремот, 15Зевадија, Арад, Едер, 16Михаил, Јишпа, Јоха, беа Бериини синови. 17Зевадија, Мешулам, Хизки, Хевер, 18Јишмерај, Јизлија и Јовав, беа синови Елпаалови. 19Јаким, Зихриј, Завдиј, 20Елиенај, Цилтај и Елиил, 21Адаја, Бераја и Шимрат беа синови Семеиеви 22Јишпан, Евер, Елиил, 23Авдон, Зихриј, Ханан, 24Ананијаја, Елам, Антотија, 25Јифдеа и Пениел беа синови Шашакови. 26Шамшерај, Шехарија, Готолија, 27Јаарешија, Елија и Зихриј беа синови Јерохамови. 28#9,34Тие беа началници, главни во родовите свои. Тие живееја во Ерусалим. 29#9,35-38#Ис.Н. 9,3Во Гаваон живееја: Јеиел, основачот на Гаваон – жена му се викаше Мааха, – 30и првородениот му син Авдон, а по него: Цур, Кис, Ваал, Надав, 31Гедор, Ахјо и Зекер. 32Миклот го роди Шима. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со нив.
Семејството на царот Саул
33 #
9,39-44
#
1 Сам 9,1; 14,49; 2 Сам 2,8 Нир, го роди Кис; Кис го роди Саул; Саул го роди Јонатан, Мелхисуј, Авинадав и Ешбаал. 34Јонатанов син беше Мерив-Ваал; Мерив-Ваал го роди Миха. 35Синови на Миха: Питон, Мелех, Тареа и Ахаз. 36Ахаз го роди Јехоада: Јехоада го роди Алемет, Азмавет и Замвриј; Замвриј го роди Моца; 37Моца го роди Бина; Рафа беше негов син; Елеаса, негов син; Ацел, негов син. 38Ацел имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Азрикам, Бохру, Исмаил, Шеарија, Авдија и Ханан; тие сите беа синови Ацелови. 39Синови на Ешек, негов брат: Улам негов првороден, втор – Јеус, трет – Елифелет. 40#4 Мојс 26,38Синовите Уламови беа мажи воинствени, стрелци со лак, имаа многу синови и внуци: сто и педесет. Сите тие беа од синовите Венијаминови.
Currently Selected:
1 Летописи 8: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006