YouVersion Logo
Search Icon

1 Летописи 7

7
Потомците на Исахар
1 # 4 Мојс 26,23-25 # 1 Мојс 30,18; 46,13 Синови Исахарови беа: Тола, Пуа, Јашув и Шиврон, четворица. 2Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јери­ел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во свои­те родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини. 3Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија – петмина. Сите тие беа начал­ници. 4Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови. 5А браќата нивни во сите поко­ленија Исахарови беа до осумдесет и седум ил­јади, мажи борбени, запиша­ни во родо­словните списоци.
Потомци на Венијамин и Дан
6 # 1 Мојс 46,21; 4 Мојс 26,38-41 Венијамин имаше синови: Бела, Бе­хер и Једиаел – тројца. 7Синови на Бела: Ецбон, Озиј, Узиил, Јеремот и Ири – петмина, началници, мажи воинствени. Во родословните спи­соци запишани дваесет и две илјади триесет и четири. 8Синови Бехерови: Земира, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Омриј, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет; сите тие се синови Бехерови. 9Во родословните списоци од нив се запишани, по родовите и по старе­шинство, мажи борбени – дваесет илјади и двесте. 10Једиаелов син: Билхан; синови Билханови: Јеус, Венијамин, Аод, Ке­наана, Зетан, Тарсис, Ахишахар. 11Сите тие синови Једиаелови беа началници на домови, мажи воинстве­ни; кои одеа во војна, беа седумнаесет илјади и двесте. 12Шупим и Хупим беа синови Ирови; Хушим беше син Ахеров.
Потомци на Нефталим
13 # 1 Мојс 30,8; 46,24; 4 Мојс 26,48-50 А синовите Нефталимови беа: Јахациел, Гуни, Јецер и Селум беа деца од Билха.
Потомци на Манасија
14 # 4 Мојс 26,29-34 # 5,23; 1 Мојс 41,51; Ис.Н. 17,1 Синови Манасиеви: Азриил, кого го роди прилежницата негова, Арамејка; таа го роди уште Махир, Галаадов татко. 15#4 Мојс 26,33Махир ја зеде за жена сестрата на Хупим и Шупим, – сестрата нивна се ви­каше Мааха; вториот син на Манасија се викаше Салпаад. Салпаад имаше само ќерки. 16Мааха, жената Махирова, роди син и го нарече Переш, а брат му се викаше Шереш. Негови синови: Улам и Рекем. 17#4 Мојс 26,30Уламов син: Бедан. Тоа беа синови на Галаад, син на Махир, син Манасиев. 18Сестра му Молехета ги роди Иш­ход, Авиезер и Махла. 19Шемидови синови беа: Ахјан, Си­хем, Ликхи и Анијам.
Потомци на Ефрем
20 # 4 Мојс 26,35-37 # 1 Мојс 41,52; 4 Мојс 1,33 Ефремови синови: Шутел; и Беред, негов син, Тахат, негов син, Елада, не­гов син, Тахат, негов син, 21Завад, негов син, Шутел, негов син, Езер и Елад. Нив ги убија жите­лите гатски, родени во таа земја, затоа што беа отишле да ги заграбат стадата нивни. 22И татко им Ефрем плачеше по нив многу денови, а браќата негови доаѓаа да го утешуваат. 23Потоа тој влезе при жена си; таа зачна и роди син, и тој го нарече со името Берија, затоа што зло го снајде домот негов. 24#Ис.Н. 10,10Тој имаше и ќерка Шеера. Таа го изгради Долни и Горни Веторон и Узен-Шеера. 25Негов син беше Рефах; негови синови Решеф и Телах; Тахан, негов син, 26Ладан, негов син, Амихуд, негов син, Елишама, негов син, 27Нун, негов син, и Исус, негов син. 28#Ис.Н. 10,33Имотот нивни и живеалиштата нивни беа: Ветил и селата негови: кон исток Нааран, кон запад Гезер и селата нивни; Сихем и нему потчинетите гра­дови сѐ до Газа со селата нејзини, 29#Ис.Н. 11,2; 17,11Во рацете на синовите Манасие­ви: Бет-Шан и селата негови, Танах со се­лата негови, Мегидо со селата негови, Дор и неговите села. Во нив живееја синовите на Јосиф, Израелов син.
Потомци на Асир
30 # 1 Мојс 46,17; 4 Мојс 26,44-47 Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишви, Берија и сестра им Зара. 31Синови Бериеви: Хевер и Мел­хиил. Тој е татко Бирзаитов. 32Хевер ги роди Јафлет, Шомер, Хотам и сестра им Шуа. 33Синови Јафлетови: Пасах, Бим­хал и Ашват. Тоа беа синови Јафлетови. 34Синови Шомерови: Ахи, Рохга, Хуба и Арам. 35Синови на Хелем, негов брат: Цо­фах, Јимна, Шелеш и Амал. 36Синови Цофахови: Суах, Харне­фер, Шуал, Бери и Јимра, 37Бецер, Ход, Шама, Шилша, Јитран и Бера. 38Синови Јетерови: Јефуне, Писпа и Ара. 39Синови на Ула: Арах, Ханиил и Риција. 40Сите тие беа потомци Асирови, началници на домовите, одбрани силни и храбри мажи, началници на начал­ниците. Запишани беа во ни­вните родо­словни списоци, за војна, на број дваесет и шест илјади души.

Currently Selected:

1 Летописи 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in