1 Летописи 10
10
Сауловата смрт
(1 Сам 31,1-13)
1Филистејците војуваа против Израел, и Израелците бегаа од Филистејците и паѓаа поразени на гората Гелвуја. 2Филистејците го гонеа Саул и синовите негови и ги убија Јонатан, Авинадав и Мелхисуј, синови Саулови. 3Битката против Саул се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците. 4Саул му рече на својот оружјеносец: „Извади го мечот свој и убиј ме со него, за да не дојдат тие необрезани и да се подбиваат со мене.“ Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и се фрли врз него. 5Оружјеносецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот се фрли врз мечот свој и умре. 6Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него. 7Кога Израелците, што беа во долината видоа дека сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив. 8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саул и синовите негови, паднати на Гелвујската Гора. 9Го соблекоа Саул и му ја зедоа главата и оружјето, и испратија по земјата филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот. 10#Суд 16,23Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во храмот на Дагон. 11#Суд 21,8И целиот Јавеш Галаадски чу сѐ, што беа извршиле Филистејците со Саул. 12Потоа станаа сите храбри мажи, го зедоа телото Саулово и телата на синовите негови и ги однесоа во Јавеш; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавеш и постеа седум дена. 13#5,25; 3 Мојс 19,31; 20,6; 5 Мојс 18,9-14; 1 Сам 13,13; 2 Сам 1,1Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господ, зашто не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите, 14#12,23; 1 Сам 13,14а не Го побара Господа. Затоа Тој и го погуби и царството негово го предаде на Давид, Јесеевиот син.
Currently Selected:
1 Летописи 10: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006